Здраво,здраво на сите Претставничка сум во Авон веќе 2 години и ...некои прозиводи ми се допаѓаат,некои не...Имам две прашања... Дали некоја од вас ја има користено маската од Планет Спа со минерали од мртвото море ...јас ја пробав ама кога ќе ја нанесувам ми се врцвенува лицето и ми жежи...дал е тоа иритација или така треба да биде? И...дали некој ја има користено новата крема за отстранување влакна од лицето со лимнантес?
јас ја користам маската и презадоволна сум, А тебе сигурнпо не ти одговара на твојот тип на кожа затоа ти се има појавено црвенило
Истото мене ми се случува со термалната маска,мислам како што видов на сликата е обичната маска.Таа термалната,има како песок и е бледникава по боја,не сива како оваа.Кога ќе ја нанесам чуствувам топлина и ми жежи на лицето,ама кога ќе ја измијам по неколку минути ми се нормализира кожата.А како што кажа и некој погоре,можно е и да не ти одгвара на типот на кожата.
^^ова се убедливо најдобрите кармини во светот !!! Траат и по 16 часа ! ^Овој никако, ми ја изгоре устата! ^Овој е подобар И НАЈЛОШОТО Ми ги оштети трепките невидено! а и валка.. Исто и некои сенки им се за никаде..
Лосионот е преубав,барем за мојата кожа.Ја прави мека,нежна на допир и ја чисти убаво и шминката,и пред се е доволно хидратантен за мојот тип на кожа.
Јас го користам,второ шише. Имам мрсна Т-зона и тука се е нормално убаво ги чисти маснотиите но имам забележано на образите кај што имам нормална кожа малку како да ми се лупи кожата но не е заприметливо.
Мене не ми ја исуши кожата,иам некои периоди најчесто зима,кога кожата ми е екстремно сува,ама не ја суши уште повеќе,напротив ја навлажнува.
Јас имам сува кожа и воопшто не ми ја суши, ми ја прави мека . Не ми е јасно како може мрсната кожа да ви ја суши , не е јак лосионов сигурно ви е од нешто друго.
На мене многу ми се допаѓа , многу убаво ми ја прави потоа кожата . Инаку и моите 2 другарки го имат и ми имаат речено дека и на нив им се допаднал . Па баш и ефтина цена има , така де проби го Јас ти го препорачувам
Да ве израдувам сите љубители на ванилата ,дека ќе го вратат спрејчето за тело за некои 2,3 кампањи Така добив информација, која се надевам е точна . Дај боже да е,уште од сега ја планирам за купување
Сакав да земам пудра камена Колортренд од Авон,ама чув многу негативни критики и се премислив некако.За црните моливчиња многу има позитивни критики,па планирам да си нарачам во скоро време
Моливчињата од колортренд да,но пудрите никако.Јас лично ја имам кориистено и течната и камената и не сум многу задоволна.