@blessed.an малку ја суши кожата, но со подлога е одлична. Многу е покривна, само јас ја утнав нијансата и ја мешав со друга пудра. Сите другарки што ја користат се задоволни, иако јас мислам дека на течната пудра од истата колекција и нема рамна.
Го имате ли користено зацврстувачкиот крем за тело од колумбиско кафе дали е ефикасен, убаво ли мириса ?
Преубаво мириса. Ја прави кожата мека, ама не видов нешто зацврстувачко од него. Има во Фокус зацврстувачки лосион од Нутра Ефектс, нов е па би го пробала.
Здраво ..Сакав да прашам дали можам да нарачувам производи кои ги нема во тековна кампања.. Дали стигаат ?
Девојки ќе може збор два за новиот Femme Exclusive? Јас како фан на виолетовата боја се такво ме примамува па не можам да одолеам, живо ме интересира што мирис се крие во ова шишенце
Не знам како да ти го објаснам ама убав е Неколку пати го пробав, ако го знаеш оригиналниот прв Femme - овој е поблаг од него и нијанса посилен, воопшто не сум фан на благи мириси, овој некако е летен па пријатен е. Розевиот femme е посвеж, овој е покласичен, таа паралела е.
Мене ми стигна во овој каталог. Не е многу јак, ама обичниот Femme мене повеќе ми се допаѓа бидејќи е посвеж и повеќе погоден за овој период.
Може може секако . Не содржат силикони што е супер, имаат избалансирани формули што е ок немаат парабени што е ок, ама имаат нафтени деривати ПЕГ. Е сега ако не си ептен по природното не е страшно процентот барем во првиот производ не е висок, во вториот е повисок, ама сепак се присутни. Изборот го оставам на тебе. Поздрав.