Парфемите од Имари линијата дали се трајни ? Доколку некој го пробал Имари Еликсир нека пише, ме интересира за трајноста само.
Јас го имам, убаво мириса има благи ноти но повеќе овошни и да траен е. Ама според мене повеќе е за пролетен, летен период.
Дали црната маска и маската за црнки ( ги има во овој каталог околу 169 денари) СЕ ЛУПАТ или се мијат?
Се мијат. Кога сме веќе кај производи на Clearskin, дали некој знае дали портокаловиот крем со салицилна киселина е повлечен? При крај ми е, а веќе два каталога го нема.
Првиот е супер. Мене ми се допадна ептен, долготраен е колку толку и покривноста му е средна да кажам, и многу подобар од вториов. Вториов ми е многу мрсен, и премногу се собира во линиите колку и да сетираш врз него. Првиот ти го препорачувам ако ти е помрсна кожата, а вториот е повеќе за сува и нормална според мене
Коректорот од колортренд е катастрофа, како и другата козметика од таа линија. Коколтренд е наменета за тинејџерки. Сум користела маскари, катастрофа брзо се сушат и не си ја вршат работата ко што треба. Пудрите се премногу мрсни и течни да не речам водени, коректорот се собира линии прави. Моливчињата им се океј и кармините им се предобри. Лаковите не сум ги пробала.
Според мене, вториот сакам да го пробам ама ќе нарачам друг пат ако го има, сега почнав да користам од колортренд бб кремот е убав, виолетовата маскара не приметувам да остава многу виолетово, првиот не го имам пробано, инаку јас ќе нарачам од овој коректор не е скап и ќе ти кажам дали има убав ефект кога ќе ми стигни и кога ќе го пробам @macii7 и јас го имам прашај слободно
@macii7 за коректор уште не ги имам испробано сите овај е убав, ќе видам тој каков ќе е што ќе го нарачам сега а за пудра убава е компактната пудра што беше во к15, сега ја нема, зависи од тоа ти каква користиш јас користам течна пудра, ама сега користам бб-крем наместо пудра, а пудра ставам кога ќе ми текни. таа пудра што е 189ден. е убава. овде имаш компактна пудра, и течната пудра е ефтина 349ден. и убава е според мене.
Ideal flaawless новата течна пудра, до сега немале ваква покривност и трајност, одлична, презадоволна сум