Според мене втората, поточно Supershock Првата е добра исто така, ама мене дали дека четката некако преголема ми беше и не ми беше убаво нанесувањето.
И двете се добри маскари,порано додека не беше излезена Big & Darling цело време ја користев SuperShock, но од кога излезе веќе неколку години ја користам неа. Ги имам испробано сите масакри од таа линија на Big , но оваа некако најмногу ми одговара. Особено четката ми се допаѓа што е поголема, што не ми се рони и прави грутчиња. Еднинстено нешто што не ми се доаѓа кај оваа маскара е што малце потешко се вади.
Имам купувано од АВОН и маскари, и карамини, парфеми. Но највеќе ми се допаѓа една крема ''care family'' од какао. Прекрасно мириса.
Го поставив прашањево во друга тема, но можеби е посоодветно за тука. Ја порачав оваа крема за лице од авон. Дали некоја од вас има искуство со кремите за лице на авон ? Инаку имам комбинирана кожа, особено масна кај носот и под очите а премногу сува на образите.
Да, ќе ти одговара. Првенствено е за сува и за нормална зошто има доста сјаен финиш но, многу природен истовремено. Чим јас со комбинирана ја носам без проблем тебе би ти била уште подобра Само со нијансите внимавај првите се многу светли-розеви.
Не е лоша кремата, само немој да имаш преголеми очекувања. Мислам, самата цена нека ти биде ориентир што да очекуваш Макар што, зависи колку години имаш. Ако си во раните дваесети, мислам дека ќе ти биде супер Исто, добра хидратантна крема на Авон е плавата Нутраефект, што е во 149 ден. во тековниот каталог (кремот, не гелот!)
Јас сум со комбинирана и одлично ми легнува, може и за сува само нема толку многу сјаен финиш како што пиша beauchamp, иако како што кажа има природен, делумно, не знам како да се изразам, ни е сјајен ни е целосно мат, нешто помеѓу, многу природно и убаво за око. Доста е покривна и трајна. И да, за нијансите, прво со тестерче или побарај од каде порачуваш color chart пластичен ако имаат, пошто баш за таа пудра ги создадоа, допираш до лице, за момент знаеш која нијанса си
Од матот презадоволна, сјаен освен само што пробав нијанса не го понесов малце, така да не би знаела, а има и од нив убави нијанси као палета. Од матот светло розевиот, светло кафениот, виолетовиот и темно бордиот ми се преубави - најзадодовлна од нема сувост, се суши за минута ама нема на уста онакво сувозатегнато грдо чувство