Гелот за веѓи го има пробано некој? Инаку last кармините на последната страна пак се на попуст. Јас го имам eternal flame и мислам дека поубав кармин немам пробано. Убаво стои на уста, не се брише одма и мат е плус. Ако некоја сака да си нарача нека не се предомислува. Тоа е моја препорака.
@Libra♎ јас ги имам и мене ми се допагаат многу..Доста се пигментирани нема да зажалиш ако ги порачаш
Јас ја имам палетата мока лате и солидна е. 2ката и 4ката се мат нијанси, а 1 и 3 се бисерни. Фина палета и за секој ден и за вечерна шминка.
Jас ги имам уште кога беа внатре кругчиња не правоаголници. И мн сум задоволнА. Ако се ист квалитет сеуште(нека каже некој што знае) и јас ќе си земам др нијанси.
Го имам јас гелот за веѓи. Предобар е, траен, ама не е водоотпорен. Само треба да се внимава да не се нанесе премногу, јас со четкичката прво поминувам на рака за да се отстрани вишокот, потоа на веѓите, па ги чешлам со spoolie четче. И многу бавно се троши.
Како сте задоволни од фиксаторот/базата Mark? Сум немала фиксатор досега затоа што не сакам да изгледам премногу матирано, дали овој дава таков ефект или само прави шминката да трае подолго? Ме интересира и како се однесува како база, нешто слично како прајмер, подобро, полошо? Во тековниот каталог цената му е многу поволна, 159 денари. Одамна ја меркам и тоалетната вода Brazil Beat, и кога гледам за последен пат во овој каталог и цена 249 денари. Ја користел некој, со кој мирис би ја споредил, трајна ли е, да не е многу нападна? Знам дека е летна, но обожавам црвен портокал (главните ноти ѝ се црвен портокал, водна лилија и бел мошус), а и со ценава не ми се испушта.
Дали можам да направам порачка од нова брошура, доколку од претходна немам платено, но сеуште имам рок ? Итно ми е, а досега не ми се случило такво нешто, ви благодарам
@Libra♎ Можеш да направиш порачка. После ќе имаш 2 фактури за плаќање. И мене ми се има случано, се дешава да не стигнеш на време да платиш ама па затоа си имаш кредитен лимит. Зависно кое ниво си - ти пишува горе десно кога ќе се логираш "достапен кредитен лимит". Тоа е максимално ниво на вредност на производи кои можеш да ги нарачаш.
Не го порачав дека се собрав со залихи од моливчето. Ќе го имам во предвид за следен пат. Сакав да прашам базата на mark е истата што беше авон база за сенки или не?
Порачки се прават само понеделник и четврток. Ако ги направиш во понеделник ке ти стигнат во четврток,а ако ги направеш во четврток ке стигнат во вторник.
Девојки како сте задоволни од сенките за веѓи т.е сенка и восок што се заедно,од подлогата за лице и дали ја има некој користено некоја пудра лукс од трите?
За колку време ви стасуваат нарачките и од што зависи, јас некако многу чекам, по цел месец, дур да стасаат човек да заборави што нарачал..?