Веќе долго време ја користам маскарата Супер Шок и сум ептен задоволна, ама сега сакав да ја сменам и се мислам за новата ?? Некој што ја има користено да ми каже нешто повеќе за неа. Е за оваа маскара
^ Мене пак, воопшто не ме зачуди тоа видео. Али..од каде доказ дека тоа е баш од Авон?.. И нормално дека се тестира на животни, зарем само од авон (ако е од авон видеово) тестираат производи на животни?? А, другите како знаат дека некој производ е добар и дека нема да потечиме во лицето од една маскара? На прсти ли гледаат... Ми е чудно толку да се зачудивте.. Па нели научниците не тестираат на глувци и останати животни за да одиме напред и да се стекнеме со некоја по богата информација?
толку многу ја фалат козметиката на авон а не ја знаат реалната вистина за неа, дека е тестирана на живи животинчиња и тоа повеќе вида не само глувци,................кучиња, мачиња, мајмуни,нивните очиња оштетени цели крвави солзави и со болка, нивната кожа крвава и со пљуски , некои сосема ги парализираат и кога ке испуштат душа бараат ново животно за мачење.......гледав видео што е доста вознемирувачко и несакам да го постирам тука......тврдеа дека авон козметиката не е тестирана на тој начин епа грешка е, тестирана е и гледам дека на луѓето тоа воопшто не продира и не превземаат ништо во врска со тоа што е многу жалосно
Jaс имам неколку од овие моливчиња и сум многу задоволна од тоа каков изглед даваат, колку траат а и цената која ја имаат за квалитетот Само што ми се стопија мене Дали од тоа што козметиката ми е близу до прозорецот или па брат ми ми го има скршено па ми ја стави таа идеа во глава незнам
Swrcii не е нормално да се тестира козметика на животни.Не мешај ситуации, едно е науката, каде се тестира за да се спасат животи, а друго е козметиката ( читај BES). Не е исто да се пронајде лек за леукемија тестирајки на животни и да се пронајде „ нова револуционерна маскара“ која трепките ќе ти ги направи двојно подолги И не е точно тоа дека сите компании тестираат на животни.Тоа го прават оние чии производи се „ ефтини“ 95% од водечките компании одамна веќе не тестираат на животни.Доволно е кога купуваш да погледнеш на кутивчето, си пишува.Се надевам во иднина ќе внимаваш, зошто не е фер, за ти поубаво да му трепкаш на момчето, некое невино мајмунче да се моли да умре за да му се скратат маките. Никогаш не сум купила ништо од Авон, а после видеово ни во лудило.
^ Не е се така розево како што изгледа. Ако авон или некоја друга компанија на некоја конференција изјавиле дека не користат животни за тестирање на нивните продукти, дури и да пишува на нив стварно верувате во тоа? Колку луд би требало некој да биде за на своја кожа да види реакции од некоја нова ревулуционерна крема за самопотемнување и сл? Инаку, еве чисто ќе ти споредам, мислите дека користите најквалитетни кармини ако се купени од менхетен, шанел и од мн други добро прочуени компании, а знаете колку железо има во нив? Не велам дека евтините не содржат, ама познатите брендови играат политика, знаат како да ја прикријат вистината, изјавуваат лажни ствари за да привлечат муштерии. Суров е, суров е капитализмот. п.с. Немам ништо против авон, и јас самата бев зачленета, но се откажав од работењето таму, поради тоа што присуствував на доста сурови обуки, кадешто те учат да бидеш што е можно побезобразен и вулгарен. Ако локалните менаџери на авон се такви, тогаш каков би бил сопственикот на авон? Од каде тие менаџерки ги научиле сите овие работи. Сигурно туку така не им дошле на сон.
Tврдам дека е,затоа што долги години работам во таа област и лично сум правела истражувања за мултиплекс склероза на животни (бели стаорци). I точно знам дека ако пишува дека не е тестирано на животни, тогаш не е. да нагласам дека не живеам во Mакедонија па не гарантирам дека и таму законот за лажно рекламирање се применува. Tука каде што живеам постои група на луѓе кои з. Oдреден паричен надоместок прифака одредени производи да бидат тестирани на нив, се разбира смеси Kои не се смртоносни. ова исто така според мене е сурово, но барем свесно и одговорно се влегува во процесот и никој не ги врзува со ланци и јажиња. Pак ке нагласам, поддржувам тестирање за медицински цели, (ако треба да бирам меѓу стаорецот и погледот на срекното излечено детенце, го бирам второто) но сум голем противник на искористување на животните за козметички производи.
Користам производи на Авон, повеќе од 10 години и задоволна сум и ќе продолжам да користам без оглед на видеово.
Нажалост од луге како вас кои го игнорираат тоа невини души страдаат. Го делам истото мислење, не е фер да згасне животот на некое невино душиче, само нажалост повеќете луѓе воопшто не реагираат на таквиот хорор
Веќе ништо нема да купам од Авон. Како можат? Спојлер 5 Cosmetic Companies That Do Testing On Animals: L'Oréal (Biotherm, Cacharel, Garnier, Giorgio Armani, Helena Rubinstein, Lancôme, Matrix Essentials, Maybelline, Ralph Lauren Fragrances, Redken, Soft Sheen, Vichy), 575 Fifth Ave., New York, NY 10017; 212-818-1500 Max Factor (Procter & Gamble), 1 Procter & Gamble Plaza., Cincinnati, OH 45202; 513-983-1100; 800-543-1745 Ponds (Unilever), 800 Sylvan Ave., Englewood Cliffs, NJ 07632; 800-909-9493 Johnson & Johnson (Aveeno, Clean & Clear, Listerine, Lubriderm, Neutrogena, Rembrandt, ROC), 1 Johnson & Johnson Plz., New Brunswick, NJ 08933; 732-524-0400; 800-526-3967 Dial Corporation (Dry Idea, Purex, Renuzit, Right Guard, Soft & Dri), 15101 N. Scottsdale Rd., Ste. 5028, Scottsdale, AZ 85254-2199; 800-528-0849
Да не споредуваме декорадивна козметика со заштита. Едно е карминот/маскарата кој се нанесува за впечатливи усни/трепки, друго е заштитен крем кој помага при различни проблеми. Смешно да се споредуваат и да не се прави разлика меѓу тие две работи. п.с. ова не се однесува само на авон туку на останатите од постот на WarriorAngel.
Такви мноструми како Авон такви... незнам веќе како да ги наречам АМА ЕДНО ЗНАМ НИКОГАШ АМА НИКОГАШ НЕМА ДА КУПАМ ОД НИВ НИТУ ПАК ДА ДОЗВОЛАМ НА НЕКОЈ БЛИЗОК !!!!!!
Мислите само Авон се такви? Ма ајде,па сите се такви.Орифлејм,Мариза,па и големите козметички куќи..... Жално,но сите козметички производи се направени по тој пат.А без козметика неможеме у денешно време...можеме уствари,ама ете стил на живот...
Јас не користам оддамна Авон производи , ниту Орифлејм ни некои такви..не поради видеово (арно рече феминката над мене мислите само Авон се такви) тку што производиве им се катастрофа , пудриве како вода се течни , не ни покриваат а и имаат една миризба СМРДАТ да кажам , сенкиве стави колку сакаш ништо не се познава , абе катастрофа е благ збор
истото е и со Орифлеим и со Авон ....проиѕводите им се крш, катастрофа....пудрите за лице исто како вода да си ставил или т.н прошле покрај пудра....куписи МАКСФАКТОР подобро отколку овие ѓубриња на лице да ги ставаш а и по цените не се нешто многу поскапи од МАКСФАКТОР....потоа за накитот од АВОН И ОРИФЛЕМЕ да не коментирам одма ја губат бојата односно поѕеленуваат' ИЛИ оксидираат, а ќе ги платиш и преплатиш ....подобро едно да си купиш поскапо и покваитетно како Лорал или Максфактор отколку овие ЃУБРИЊА АВОН И ОРИФЛЕИМ................
TIGRICA123 морам да ти реплицирам за накитот. Имам и од Авон и од Орифлејм и верувај дека ама ниту едно парче не ми позеленело или оксидирало. Нормално, ако нон стоп буричкаш во вода и не го одржуваш правилно ќе ти позелене. Јас конкретно од бижутерија се исфрлам, ушите ми се разрануваат, ама едни обетки од Авон ги носам нон стоп, дури и спијам со нив, бидејќи се малечки топчиња не ми сметаат, и не сум забележала да ми се разранат ушите, а ги носам веќе три години. Така што, не е се до тоа од која фирма е накитот, потребно е правилно да се одржува
да ама јас зборувам за кавилеттот на проиѕводите.... се се тестира на животни што не е баш хумано... позененуваат и т е како..мене ми се има случено и по твое јас нетреба да излегувам со ланчето надвор и да го кријам од надворешни влијанија или недајбоже да се испотам или избањам со обетчињата на мене....не е до одржувањето '''КВАЛИТЕТОТ Е ПРЕСУДЕН..