imav katalog megjutoa ne mi e pri raka go dadov na ragleduvanje inaku ima dobri ponudi a na popust se parfemi
@ванилала јас го порачав, но ми беше претемен и и го подарив на мајка ми. Таа веќе го има потрошено и многу убаво и стои на лицето, некоја посебна свежина и сјај и дава. Ако имаш посветол тен не верувам дека ќе ти одговара.
Има жолт, портокалов или розев подтон? И мене за нијансата ме интересираше зошто нe најдов по интернетов swatches...лошата страна на онлајн порачки
Последно ова го купив. И за нигде е ко вода. За џабе потрошени пари. П.С. Ги имам пробано скоро сите од колекцијава и ги користам, ама ова лошо е. Перпорака не го купвајте ако сте во план.
Еј го најде човекот за одредување на подтон. Верувај ни јас самата не знам каков подтон имам на кожата на лицето. Најдов неколку слики на интернет. Што знам, мене на жолто ми мава. Мислам дека читав рецензија кај @Rose96 за истиов крем, па ако не сум грешка, еве таа како поискусна нека каже каков подтон има.
Она има пишувано за ББ кремата на Авон, а за оваа крема не најдов пост, ако има, нека ме поправи Инаку и мене ми изгледа дека е со жолт подтон. Само се надевам откако ќе се засуши, не свети ептен колку на сликава
Не свети толку, не е убаво размачкана на сликата. Има ситни гранули и светки низ неа и ептен убаво стои на лицето, само штета што не ми одговара нијансата. Се надевам дека тебе ќе ти одговара доколку се одлучиш да го порачаш.
Ја има некој користено маскава со минерали од мртво море? Ја порачав набрзина некако ме интересира дали е добра за акни?
@wannaBeMomma, кој и да го порачаш од таа линија, нема да погрешиш. Претставниката ги користи овие парфеми и баш се трајни. А мене пак на друг убаво ми мирисаат, но на мене не, премногу ми се јаки. Ако ги немаш користено, ти препорачувам да си порачаш прво тестерчиња. Чинам едно беше 15 денари, така нешто. Млекото за тело го немам пробано. @jovana03, пилинг е, не е маска. Порано ја користев маската со минерали од Мртво море и добра беше. Не верувам дека помага за акни, но после употреба лицето го чувствував чисто, свежо и меко.
И јас исто така веќе неколку години постојано овие гелови ги користам и сум задоволна. Конкретно овој зелениов гел е нов и е наменет за миење во ''оние денови'' , кога имаш добиено. Па затоа и најверојатно е полесна формула, но иако е течен прави доста пена и го неутрализира мирисот.
Сигурно нема да земам еден за во "оние денови" еден за во нормалните и баш затоа мислам дека му е тотална утка овај зелениов (то е мое мислење). А другите му се добри, практикувам да менувам да не е едно исто.
Ne znam jas sum zaljubena u mlekoto i trae dur ne se izbanjas, a i na oblekata stoi dur ne se ispere. Go naracav pa valjda ne se zeznav
Многу сум задоволна од поголемиот дел од производите кои сум ги пробала. Порано нарачував преку другарка, сега еден период прекинав. Многу се нервирав што по нарачувањето на производите чекав и по месец дена за да ги добијам. Дали постои некој поинаков начин веднаш да го набавам тоа што го сакам, пример некое продажно место директно каде што може да се земат и сл...? Не сум баш информирана, до сега немам слушнато за поинаков начин освен преку представник и така со чекање.