ова е нов производ и јас сакам да го пробам а од нутраефектс бб мат кремот го имам користено и предобар е.
Кажи му на претставникот преку кој нарачуваш од Авон, тој ги има шифрите за мостри во фокус, или пак кажи ми за кои кармини сакаш мостри од тековна кампања ќе ти пишам шифри.
За розовата која е дупло поскапа, која мене ми изгледа слична на оваа, сум слушала доста позитивни коментари, но конкретно за оваа четка немам слушнато никаков коментар сеуште.
Јас нарачав мостра од плавиот кармин. Сакав да прашам дали ја сушат устата, трајни се кармините на Марк?
Првиот е многу убав, вториот не знам не сум го мириснала, ако некоја го користела па да направи споредба . Сега го порачав Дримс ме бендиса ептен
Вториот го имам користено пред две години исто е преубав не знам кој да го земам уф и инкаденсот е преубав и тој ми е користен многу одамна ама сум заборавила на кој колку трае
Дали сеуште може да се порачаат мат кармините Марк поточно нијанса Irresistible дека гледам само неа ја нема во каталог
Дали во авон има прајмер (primer) и дали имате искуство со него? Доколку има, ако може да ми пратите слика да го видам
Го пробал некој спреојт за тело од авон со мирис на кокосова вода и карамбола, ме интересира дали убаво мириса да знам дали да го нарачам или не.
Дали некој го користел Avon Life парфемот, каков е, како мириса ? И дали е јак или нежен ? За траен би требало да е траен бидејќи е еден од поскапите, но не знам како мириса. И кој е подобар, Avon Life ili Today ? Today знам каков е, но не знам овој првиов.
Овој прајмер од Авон го користам, добар е, мат е, не пушта никаква боја само одлично го измазнува лицето пред да се нанесе пудра. Само не знам дали го има во тековниов каталог.
Најпрекрасен. Не можам да го сменам откако излезе. Life пред Today. Средина, не е пресилен, не е ветрушка лесен. Траен е и повеќе од доволно. Не знам како да ти го опишам, ни цветен, ни дрвен, ни класичен, стварно е златна средина, попримамлив за повеќето вкусеви за мирис.