јас скоро и да не го гледам низ каталозиве. Ептен ретко или така мене ми се чини. Инаку јас сакам да слушнам мислење за коректориве имаше и еден од true color во стик ама немам моментално слика од него. Што мислите вие?
Да, прајмерот го нема секогаш. А за коректориве, јас обично не користам и затоа и од Авон не сум пробала ниеден, но првиот ми го порачувале неколку пати. Некој кој лично користел од коректориве нека сподели
може не сум забележала за прајмерот јас користам од anew vitale измазнувачка подлога ама ретко. А за коректорите не знам дали е подобар течен коректор или во стик. Досега сум користела во стик а на YouTube гледам дека течните повеќе ги користат. И мене првиот често ми го порачуваат но некои го фалат некои не.
Доколку еднаш се зачлениш во Авон членството трае цело време , без разлика дали си постојано активен или пак повремено правиш порачки. Нема никакви временски ограничувања ,а ниту пак ти наплаќаат нешто за тоа што не си неактивен. Единствено нешто што можеш да ги изгубиш е подароците што ги даваат од нивоата на претставници, но не е страшно со неколку следни порачки можеш пак да се вратиш на истото ниво.
мене коорднаторката ми рече дека 3 кампањи ако не си активен на 4тата мора да пуштиш порачка зашто бришат од системот и јас еве 5 години колку што сум член знам дека е така
По 3та неактивна те вадат од систем на активни, со неактивација губиш лимит, подароци, програми итн итн ама во систем со податоци остануваш засекогаш. Луѓе се реактивираат и по 10 години неактивност.
Voopsto ne se trajni mirisaat edna minuta od nanesuvanjeto, edinstvena dobra stvar e so ubavo mirisaat trajnost 0
Кој го препорачувате ? Вива Ла Вита го имам користено и убаво ми мириса а и претраен е, а од Литл Секуин Дрес имам лосион и убаво ми мириса, но не знам колкава му е трајноста. Според вас кој е подобар ?
Многу време помина откако последно нарачав вакво, ама на времето имаше еден со мирис на цреша - тој спреј беше најтраен, како тоалетна вода. Јас не можев да одолеам и си го нарачав тој со крушка и божур. Колку сака нека ветрее, преубаво мирисаат за да се пропушти понудата.
Ќе го чекам на акција штом е добар, не се сомневам. Јас ги користам спејчињава како освежувачи за тело, носам во ташна и прскам по потреба. Нека се и најчкарт, ќе се потрошат секако. Затоа и не ми е баш битно колку и дали траат.
Јас го нарачав тоа розовото, со мирис на црешов цвет, не знам дали е истото како и тоа кое ти си го користела или тоа конкретно беше цреша? Иначе се сложувам, другарка стално ги зимаше во средно и прекрасно мирисаа, но не знаев колкава им е трајноста.
Не, тоа беше со овошен мирис, веќе не е во продажба одамна. Многу одамна го купував, пред повеќе од 7 години.
јас со спрејовите прскам на перници и постелнина .На облека и тело не држат баш ама даваат моментално освежување