Се согласувам со тебе за пудрите. Еднаш купив камена пудра од Авон и за ништо не ја бива. Тврда е како камен. Ми стои во фиока. Отсега ќе купувам пудри од парфимерии. Таму барем ќе пробам на лице место и ќе видам дали ќе ми одговараат.
Според мене некои производи се добри, некои не... Мене сенките од авон ми се допагаат бидејки точно се бледи и не се познаваат, но токму тоа ми треба за денско време.. А пак сенките на орифлеим не ми се допаднаа бидејки ми се размачкуваат... Од друга страна лабелото од авон ми ја уништи устата до крварење, а од оној од орифлеим ми заздрави... Значи како ке се погоди... А тоа со тестирањето на животни е глупост... Точно дека е мноогу лошо, и јас сум многу против тоа, но никогаш нема да дознаеме дали е тоа точно, ниту пак ке го смениме тоа.. И ако излегло на виделина дека авон тестира на животни, од каде знаеме дали и Гош и Римел не тестират на животни? Да престанеме било каква козметика да користеме за да пропаднат компаниите па да се срекни животните? А и уште нешто, ако тестираат продукти на животни тоа не значи дека ги убиваат... Мајмунче од кармин ке умре?
innamylove видеово е направено како пример што се случува,како се тестира на животни И не е само авон фирма (ако)тестира на животни,многу светски фирми го прават тоа Без разлика што мислиме ние и дали ќе купиме јас и ти парфем или не,тие фирми ќе функционираат и понатаму,нема да пропаднат без нас... А можеби и не го прават тоа,се збори за нив така зошто се конкуренција на некој фирми да се загрози нивниот имиџ... Како што беше со SLIM LINE SOFT GEL kaпсулите за слабеење,само што ги употребив на вести тап се затворила фирмата,на испитување,биле канцерогени...јас попиздев..ама среќа се потврди спротивното
Знам сето тоа, едноставно јас се ужаснувам кога ке слушнам ваков хорор јас лично некористам повеќе од авон производи, ако од еден на друг човек тоа исто влијае мислам дека ќе можиме да напрајме разлика и можи да биди пресудно за авон барем во нашата држава
Најновата маскара на АВОН ! Ја видов во најновиот каталог .. интересна е и чудна. Поразлична е од останатите маскари . Мислам дека сеуште не е пуштена во продажба кај нас во Македонија,за другите земји не знам .. Ме интересира што мислите вие за неа ?? Би ја порачале ли ?
Авон никогаш повеќе!! После видеото нека бркаат работа гнасотии едни!!! Да ако не беше ова вистина авон одма ќе поднесесеше тужба спрема тој што ги клевети лажно !!! И не дека ќе пропадне авон без нас, но кога ќе се крене гласот на повеќето луѓе кои се против тоа сигурно ќе се потруди компанијата да го промени таквиот начин на тестирање, со што нема да страдаат повеќе животните!!!
Јас користам дел од производите на Авон, како сјај или балсам за усни итн, и доста сум задоволна! Спојлер Само што имаат превисоки цени! Алоо? Сјај за усни 6 мл. за 250 ден.
Имам многу производи порачано од АВОН и воопшто не сум задоволна. Ептен мали исклучоци кои нема да ја поправат целокупната слика што ја имам. Многу фрлени пари-малку квалитет.Откога престанав да ги порачувам нивните производи открив нови,двојно поевтини со висок клалитет и сум задоволна,исто и за тие пари(нели цените им се високи) ќе си купам квалитет што знам дека вреди и нема да ме изневери. АВОН own:
Го купив шампонот и тоа другото чудо што не се измива Е сега не знам каде да прочитам се нанесува на темето, на цела коса...? По секое бањање или поретко? Можам да кажам дека фино мирисаат и двете.
Јас го имам третманот. Тој се става на косата по нејзиното миење и не се плакне. Јас ставам по целата коса. Обично по 3 капки ли како да кажам.. и тоа е тоа.Така после секое миење на косата, што значи два пати во неделата. Поздрав Повеќе информации за него тука : http://www.avoncosmetics.com.mk/PRSuite ... s/p/2991-8