Најубаво ми е првото, од орхидеја, лесен цветен мирис и најдолго ми трае. Вториот од цвет од цреша е со поинтензивен цветен мирис и не ми се допадна, го дадов на мајка ми. Тој што го нема со слива и ванила го користев зимово, слаткаст мирис но ептен слабо трае. Го имам користено и тој со манго, ептееен е освежителен, летен и тропски. Не трае долго, ама во лето цело време си се шприцав па и цело време мирисав
Еј ме израдува, јас па обожавам такви доста јаки цветни мириси, затоа и претпоставив дека тоа би ми се погодило. Нарден пат ќе си го земам и тоа со орхидеја, едвај одлучив помеѓу овие две.
И јас сакам да го пофалам спрејчето од орхидеја и боровинка, многу убав мирис има, а и едно од јасмин кое го нема моментално во каталог, преубави ми се. И многу ми е жал што ги нема тие од порано, едно имаше чисто од јагода и едно чисто од цреша кое погоре го спомена една феминка. Тие две не ги заборавам, нешто преубаво ми беа. Трајноста не им е долга па и со оглед на тоа што не се ниту тоалетна вода ниту парфем, само спрејчиња, сепак си имаат вредност за таа цена.
И двата се многу убави и трајни, со Лукс имам повеќе искуство, доста трае, но е потежок парфем за разлика од ЛБД, додека пак ЛБД е средина, ниту јак ниту многу нежен, и онака класика е. И двата се преубави според мене. Мене Луксот ми е одличен за вечерни излегувања, за денски е малку нападен, поготово за топол период.
Јас веќе си направив порачка и од најновиот каталог. Ќе го пробам моливот за веѓи, ставив некој накит за мајка ми (понудата 2 парчиња за 499 мкд) и скроз ме интересира како функционира онаа глупоста за плетење плетенки, ја ставив и неа. Сакам да си одберам уште некоја купка со овошен мирис и толку, пред да банкротирам.
Значи не сум била сама, И јас веќе одбрав што ќе си порачам во најновата кампања. Сакам да ја пробам подлогата за сенки, фиксаторот за шминка, пилингот за тело од онаа линијата на овошен јогурт и се мислам дали да порачам од малите парфеми од 10мл.
Не можев да одолеам, сега со душа чекам наредна кампања. И јас се мислев за нив, ама многу малку ми се 10мл некако. Ќе го чекам Инкандесенс на попуст во full-size, почна да ми недостига парфемов.
Ги има некој пробано парфемчињата Far away и Femme? Според мирисните ноти би требало да ми одговараат но никогаш не сум ги мириснала. Сепак ова со парфемиве е ептееен индивидуално. На една и се допаѓа еден, на друга не. Знам само дека Today ќе го нарачам (од малецкиве), но се мислам кој друг, ептен ми вршат работа зашто сум од тие луѓе што брзо се презаситуваат од една миризба. Мене и Little black dress не ми е за преку ден, појак е, но и долго трае.
Far away е тежок парфем, повеќе накај зимски парфем би рекла. Многу трае ама некако знае и да гуши и самата негова тежина и елеганција. Баш за секој ден јас не би го носела. Во мирисот доминира ванилата и некоја дрвенаста нота.
Фар Евеј е претежок, јас сакам и нежни а и доста тешки парфеми, зависи како кога, користам и навистина тешки парфеми, но Фар Евеј никогаш не би го нарачала, го имам мириснато и одвратен ми е.
Јас го имав. Треба редовно да се прскаш и еднакво да го нанесуваш за да се распореди бојата убаво, а и малку по малку да потемни (не потемнува така брзо и лесно од едно мачкање). Јас многу внимателно го размачкував да е еднакво (иначе ќе излезиш шарена, негде повеќе негде помалку боја, а каде што се брчка кожата, пример во зглобовите, доаѓа набрана боја). На некоја гардероба остава боја одвнатре. Се на се, за мене многу непрактична работа (а, и хемиски штетна), и овој спреј, ама и сите производи за самопотемнување од билокоја фирма.