јас често користам за летни периоди. И од спреј за тело не можеможете да очекувате трајност којзнае колку но оставаат свежина и не се ветреат толку брзо а инаку и јас понекогаш користам како освежувач на простории добро мирисаат. Нема да згрешиш ако си земеш
Јас имам користено, како тинејџерка постојано ги нарачував, само такви користев. Убаво мирисаат ама трајност нула. Ми се врти дома едно од јаготка и го прскам кога нема освежувач за простории. И јас сум личност што брзо се презаситува од еден мирис. Far away е навистина премногу тежок мирис, премногу мириса на ванила. Јас искрено не поднесувам толку тешки мириси. Додека femme е понежен, попријатен и знам некогаш за преку ден да си прснам.
Пријателка преку која нарачувам ми ги носи каталозите кога правам нарачки од тековната кампања. Претставниците на Авон мислам дека секогаш добиваат 1-2 каталози однапред.
Wish of love дали е траен и дали мириса убаво ? Го има во подароците со две фатени пеперутки и се мислам да го порачам. Ви благодарам
мене од понудените подароци тој парфем ми е најдобар избор за земање. Пролетен мирис е ама не знам колку е траен а пријатно мириса. Имав мостра од него
Аааа, се сеќавам и јас на цреша и мускатно оревче, многу убаво мирисаше. Мислам дека низ дома ми се вртка уште една амбалажа од тоа спрејче, омекнувач во него чувам и шприцам по завесите
Се уште нема. Траба да заврши тековниот каталог (до утре е ) , па новиот во втроник ќе го постават на страната.
@Mishela или некој друг што го порача, како ви се допаѓа спрејчето со круша и божур? Ги има пак во овој каталог, па сакам да го земам тоа со орхидеја и боровинка, калинка и манго и ова. Исто и дали некој го има користено ноќниот третман со салицилна киселина од Clearskin? Една другарка ми го испофали, демек го ставаш навечер и сабајлето немаш ништо, ни мозолчиња, ни црвенило, многу помагал. Во овој каталог е 199 денари.