убаво велиш. Јас имам танка коса па си реков да видам,да поверувам дека може нешто да ми ја направи мааалку погуста косата но убаво велиш за таа цена вреди да се проба. Инаку забележав последниве денови и првут ми се појавува па може тој ќе го земам. Ќе размислам има време.
Се мислам помеѓу овие две, ај хелп... http://www.avoncosmetics.com.mk/PRS...eC05_18_01/mk_MK/assets/images/medium/118.jpg http://www.avoncosmetics.com.mk/PRS...eC05_18_01/mk_MK/assets/images/medium/116.jpg Спрејот и еликсирот, по 149ден се и двете.. незнам кое да го земам.
Од еликсирите најзадоволна сум од тој со скапоцените масла,во тековниот каталог е 349 ,почекај да се намали цената и не семисли
Од сите спрејови, капки итн. На Авон, најдобар е и ти го препорачувам Може да е во друга амбалажа сега, но ќе го најдеш, скапоцени масла пишува. За убаво да го нанесам на цела коса, јас ја прскам четката за чешлање и се чешлам со неа, така е најубаво распоредено. Ептен ја омекнува косата и предобро мириса. Само да напоменам, јас го користам на сува, пеглана коса секогаш
мене често ми го порачуваа пред да го извадат од продажба ама јас лично не сум го користела. Од каталог го имам помирисано добар е.
Дали некоја го има користено ролерот за лице од Anew,неможев да најдам ништо конкретно за него по интернет,а сакам да слушнам збор два дали вреди или воопшто да не го нарачувам.
@Oxymoron, спрејот за тело мириса мнооогу нежно и свежо, дури денес успеав да го пробам. Не е многу траен, но и по ветреењето се чувствува на облеката. Мене навистина ми се допаѓа, следно би го нарачала целиот сет.
Го има некоја земено карминот Mark epic нијанса- Street style, да ми сликне? Или да каже дали изгледа ептен модро на уста?
Јас имам мостра. Не е модар, мене баш ми се допаѓа. Темно виолетово накај кафеаво. Не се доловува баш на сликите, изгледа повеќе кафеав, но не е толку. Еве оваа слика ја најдов на интернет, баш е ваква нијансата.
Ја најдов сликава од @Rose96 и како ваква многу ми се допаѓа. Се надевам дека е таква и во живо Многу интересна нијанса. @Luminary ти благодарам ептен
Таква е за мој вкус пресифкаста ама е баш уникатна нијанса. Омилен ми е Red Extreme нема човек што не ме прашува каков кармин е кога го носам.
Има каталог пред време? И некоја доброволец да не научи како да ги бараме предвремените, за да не прашуваме секој пат
Го користел ли некој шаблонот за шминкање и дали вреди? И што е подобро тоник за прочистување на порите или гелот? Дали некој го користел и е задоволен?