Побарај ги новите кармини од Февруари што ги пуштија во каталог... Јас ги купив сите мостри од оваа линија и можам да ти кажам дека се одлични- пигментација, долготрајност и не се суви. Мислам дека до сега им се најдобри баш овие. Немам каталог во мене, од нет еве ги:
Девојки, ме интересира дали некоја од вас го има користено пулсирачкиот појас за мускули од Авон и колку е задоволна од истиот. Исто така ме интересира колку сте задоволни од антицелулитниот гел со разладувачки ефект и гелот против стрии.
Дечки сакам да прашам дали некој од Авон е користил лосиони за потемнување на кожата? Тие Skin i Soft и дали функционираат?
Кое е најдобро за самопотемнување? Имам светол тен. За пената имам слушнато пофални зборови За лосионот, не знам.
skin so soft спрејот не чини,или па јас не знам да го употребувам или имам преголеми очекувања,мене не ме затемни ни пола нијанса. Сега и мене ме убедивте да се излажам за вакви производи дали уопште имаат ефект препаративе? Дали вистина потемнуваат?
Пената навистина потемнува, само треба добро да се размачка, инаку не изгледа добро. Ако ставаш неколку слоеви еден над друг дури и многу потемнува.
@JoanaS скоро сите ги имам пробано, моментално го користам црниот и сум презадоволна. Косата ја миев во вторникот, а денес се уште не ми е мрсна, што досега не ми се случило со ниту еден шампон. Не знам дали заслугата се должи на шампонот или на тоа што не ја допирам постојано косата овие денови, но генерално сум задоволна. Препорачувам да ги пробаш само доколку немаш ептен мрсна коса. За парите се повеќе од одлични и ептен исплатливи.
Јас го имав тој од првут ако не им е сменета амбалажата, немам отворено каталог бог знае од кога. Инаку мене ми беше добар, просечен шампон.
Кажете ми искуство какви се маските за лице Planet spa порачав од минерали од мртво море дали го мазнат лицето или само како да е маска?
Најпрво да прашам дали го има некој мајскиот каталог да ми каже што гелови за туширање има јас ја имам користено маскаѕа со женшен не знам дали ја има уште преубава беше,во моментов ја користам radiant gold со златни честички исто одлична е.