Како мислиш до вкусот? Членката веројатно мислеше на квалитетот, не на моделите. Баш чекав и јас да прочитам некој што имал часовник од Авон, дали му траел подолго.
Зошто уште нема линк до најновиот каталог? Зар не требаше досега да е ставен, стариот важеше до 30.04.
Колешка на мајка ми има, и кажала дека часовниците се супер, задоволна била. Е сега, не може да се очекува којзнае каков квалитет од часовник кој чини 800- 1000 денари, ама ако го носиш внимателно (да не го топиш со вода, да не го прскаш со парфем и сл.) тогаш сигурно ке можеш да го носиш подолг период.
Па за цената да издржи барем година-две Ако издржливоста е броена во месеци тогаш подобро да си земам од пазарче за 300ден
Е со такви детали не сум запознаена. Ама штом кажала дека е задоволна, сигурно не и се распаднал или не сменил боја за неколку месеци.
https://www.avoncosmetics.com.mk/REPSuite/static/BrochureC07.pdf Има @Kitten Имам јас, пред 2 години добив за роденден на подарок. Не ми позеленела кожата, ниту па бојата е "истрошена". Добро маааалку на винтот за стрелките приметив дека е подистрошена бојата, ама ептен ако се загледаш да го анализираш.
Здраво, Premiere Luxe Oud каков е ? Го има во каталог сега, па бидејќи жолтиот ми беше добар, ме интересира и овој.
Маскариве што се на акција по 249 ги бива или не? Јас сакам една друга, ама ќе ја чекам на поголем попуст. Мислам дека оваа ми фати око, четката изгледа добро ама каква е немам поим. Не ми се ризикува, да не се пресликува.
мене ми го порачаа минатава кампања,нов беше,сега е 99 ден сакам да си порачам за мене,убави ми изгледаат
Да не го имаш видено во живо ? Вака на сликата ми изгледа убава нијанса ама не сакам да е пресветол и да врти на розево.
ги немам видено во живо. Ама се разочарав од еден кармин што во каталог изгледаше преубав а кога го добив ужас. мене од прва ми се погоди маскарата wide awake. Друга не знам дали ви порачала ама таа ми е преубава.