Убав е многу, ми се допаѓа. Убаво мириса, има комбинација од многу ситни и покрупни гранули и добро ексфолира. Не ми се допаѓа само составот, има ПЕГ, па и покрај убавото искуство не верувам дека повторно ќе го купам. На оние на кои не им смета тоа, верувам дека ќе им биде одличен.
А од ANEW како сте задоволни? Сакам да ја земам бб кремата заедно со некој крем за лице но не знам што марка се. Исто и ова ми фати око. Што мислите? А за пилинзите, го имав тој од чоколадо, има ситни гранули што мене ми се допадна, но мирис речиси и да немаше.
Во новиот каталог има комплет од 8 витакчи за коса .Дали некој ги има нарачано и како сте задоволни ? Вредат ли за парите ?
Дали некој го има пробано спрејот за исправување на коса? Дали е добар, дали стварно ја исправува косата?
И мене тоа ме интересира. Си мислам читав дека некоја го користи, ама не сум сигурна која беше за да ја тагнам. Не се пропушта за стотче.
@Mishela Јас го користам, или имам брановидна коса, па не сум баш добар пример. Ми ја исправува косата и ми ја држи таква два дена, а после секако ја мијам. Во комбинација со капки за коса можам слободно да излезам без да морам да ја испеглам косата за да не ми е разлетана. Е сега маана е што ја чувствуваш малце како тешка, не ми е свиленкаста како кога користам спреј на Глис и ја пеглам. Сепак врши работа ако знаеш дека немаш време за стилизирање.
Женски, од фокусот нели може да се порача само по еден производ (пр. само едно млеко за тело,само еден парфем, односно не може по два), е сега дали истото важи и за летоците, поточно за овој ? http://www.avoncosmetics.com.mk/REPSuite/static/campaign/C08/selloff_C08_mk.pdf
За летоците не важи истото, не е ограничено, и летоците вклучуваат попуст, додека производите од фокусот не. И во фокус, под производите каде што пишува НЕОГРАНИЧЕНА ПОНУДА, од тие производи може да се порача и повеќе, само оние кои се ограничени може по еден производ.
Perceive Dew е се само не траен. Не го осеќам ни 1 секунда откако ќе го нанесам, мириса на алкохол. За лето моја препорака е Today Tomorrow Always - Always зелениот. Минатото лето за секој ден со ќеф го користев, и ова планирам пак ако го има на попуст.