Ако може некоја да напише 2-3 збора за гелот за обликување гради? Што им прави на градите ги зголемува, зацврстува?
^ Ги зацврстува - камо да ги зголемуваше, покољ ќе направевме до сега. Тоа му е намената, да ги обликува и зацврстува, да ги „стегне“ опуштените гради, ама не знам колку навистина делува.
Јас го зедов на попуст, и ке и го дам на мајками, немам ни Г од гради така да немам што да зацврстувам Да ги зголемвеше барем
ме интересира што мислите за спрејот со арган и кератин за коса? дали некој го има пробано или сепак сплејовите на gliss се подобри?
Дали Авон има мини каталог ? Бидејќи немам сретнато досега затоа прашувам, ако има кажете како може да го најдам? Благодарам
Тие немаат мини каталог, но имаат каталог со НЕТО понуда. И во тој каталог цените се многу мали и ако нарачаш консултантот нема заработка на тие производи бидејќи тоа е наменето само за нив, а не за нас. Но сепак зависи и од кого порачуваш. Некои го покажуваат тој каталог, некои само за себе си го земаат.. и така ..
Коритсаки, јас сум многу задоволна и топло ти го препорачувам ако имаш од каде да го нарачаш. Преевтино е - никогаш не сум го купила повеќе од 120 денари, а многу ми прија на лицето. Не сум забележала некои карактеристики од типот - да го чисти од акни, митесери или слични проблеми, но преубаво освежува, ги вади останатите нечистотии од пудрата и кожата е мека со пријатен мирис. За мрсна кожа е измислено, ама по употребата секако нанеси си крема за да не го чувствуваш лицето премногу затегнато.
Да, тоа зеленото е најновото во линијата.Тоа е за мрсна кожа. koritsaki и јас топло ти го препорачувам лосионов. Јас освен тој друг не користам за чистење на шминка или за миење на лицето. Како што кажа Mishela и не е скапо, повеќе од 150 денари нема да го најдеш сигурно
Јас од плавиот лосион сум презадоволна, го користам и после спиење и пред спиење, и пред шминкање и после шминкање... Одлично ми одговара на кожата. Е сега сакав да го пробам зелениот Јас имам комбинирана кожа (мрсна на т-зоната), а знам дека лосионов е за мрсна кожа. Го пробал ли некој? Да не е многу јак? Затоа што некои производи за лице наменети за мрсна кожа, многу ми ја сушат кожата на образите. Најзезнато е да имаш комбинирана кожа
Јас задоволна сум од Авон. Секогаш си порачувам моливче за очи, маскара, некоја сенка, парфем, крем за лице, млеко за тело за туширање... До сега немало утка.
Јас го имам користено и ич не е јак.Исти е како другиот само овој како повеќе густ ми се гледа , а и овој не прави пена .
Леле и јас баш сакав ова прашање да го поставувам Инаку го имам плавиот, ама некако ко да ми ја суши кожата, се двоумам кој сега да го порачам. Дали истиот или зелениот?
http://www.avoncosmetics.com.mk/PRSuite ... yes/p/0423 Добра е оваа најновата маскара со панорамска четккичка? А најновите сенки на ултра колор? Ги порачав и двете, може и ми стигнала маскарата ама да си ве прашам вас. А и ако можете да ми пратите линк од некое видео за тоа како се нанесува
Сакам да прашам дали воопшто во Авон има четки за шминкање, последниве месеци ниту во еден каталог немам сретнато