На мене трае неколку часа и ми мириса доста свежо, без да осетам нешто многу мирис на алкохол. Today Tommorrow Always- зелениот е летен да, и тоа баш летно парфемче, но според мој вкус не ми се допаѓа бидејќи многу ми мириса на зеленило
Похидратантни се, помазни при нанесување. Во однос на трајност, не би можела да споредам, зошто и голден роуз не се баш трајни, мислам тука некаде се. Ова на цврстите мат мислам.
Да, на нив мислев и јас. Мислев дека се потрајни, па ќе вредат за тие неколку денари повеќе. Али ништо.
И јас го имам тој. Имам уште 3. Не ми текнува кој е едниот, ама другите два се Posh Petal и Peach Flatters.
Женски дали некој ја има маската за отстранување црнки во вид на ленти 199ден што е? Како сте задоволни?
Јас ја користам, еднаш неделно ставам на носот и брадата. Еднаш ставив на цело лице и испадна како да правев депилација, сите влакненца ми ги отстрани. Добра е, ги отстранува црнките, не целосно и длабински но се познава ефектот на чиста кожа по користење.
Земи си мат дефинитивно нема да погрешиш јас иам 4 од нив и мн сум задоволна а и мн време ми траат еден имам веќе 3 години хаха а го користам цело време
@Devil99, маскарата ја имам прекупено неколку пати. Најпрво, многу лесно се вади, со најобично влажно марамче излегува, што е супер ако имаш сензитивни очи. Ефектот што го дава е нормален. Односно, води се според максимата „колку пари -толку музика“. Нема да добиеш ефект на вештачки трепки, но убаво ги оцрнува трепките и ги раздвојува. Не се рони, не се прецртува под очи и си седи додека да ја извадиш. Вака би ти рекла дека е идеална за кафе преку ден, или за школо/факс. Вреди за парите
Јас порано плавото пакување го користев и бргу ми се исуши, а убава е да. Ти која би ми предложила маскара сакам некоја добра, но да не е скапа... Имам пробано различни, но некако немам фаворит, да ми остави некоја впечаток, освен 3Д од ГР класик, но повеќе не ја произведуваат, а незнам ни зошто, а толку совршено изгледаа трепки од неа. За растење не ми треба имам коса за двајца туку дали има ефект од неговата употреба, некоја промена на коса? Имам јас долга коса, но ми е сува од стално фрнирање, пеглање, а ги имам пробано и спрејчињата од авон токму за тоа, но не сум задоволна, бар не сум видела некое подобрување од нив.
Ај, да пишам т.е корегирам за часовниците на Авон- ужас и ужас и ужас. Ременчињата се жив ужас и на двата часовници за неколку месеци користење се катастрофа. Овој часовник од 20 - ти Мај до сега е ваков- Исто и овој модел не е ништо подобар-