Убаво хидрира, со светки е и остава златен сјај, прекрасно мириса, НО... по некое време го менува мирисот, што мене ептен лошо ми мириса, како да не сум капена со денови. Можеби до мојата кожа е, но ти го препорачувам путерот за тело од истата линија, истите карактеристики ги има со маслото, само што не го менува мирисот и долго се задржува на кожата.
Задоволна сум од козметиката на Авон, поготово карминчињата и пудрите ама од маскарите воопшто не сум. Двапати купив различен вид, за 2 месеци исушени и речиси потрошени беа, катастрофа. Сменив на друга фирма маскара, трае многу подолго и уште е како нова, а иста цена. Истиот проблем и мајка ми го имала со маскариве, веројатно нешто до нив е.
Ич незадоволна од овој производ а 179 ден го купив така нешто. Не вреди да се лупаат пари за ова. Кога треба да се одлепи од местото каде има црнки многу боли, а ништо не вади ништооооо... Затоа најдобро купете си црна маска и аир да си видите, ова жива глупост само пари фрлање
Devojki dajte mislenja za ovie proizvodi AVON NATURALS MASC FOR HAIR WITH ALOE AND MACCADAMIA,AVON MASCARA COLOR TREND (onaa so sina cetka)i avon GROW POTION za nokti. I ako mozhe nekoja da slika sliki od katalog 12
Ја користела ли некоја од вас ББ-кремата Нутра ефектс, мат верзијата? Гледам многу намалена (179 мкд), па сакам да ја земам за проба. Ми треба нешто лесно за преку ден, не мора да е многу покривна. Бар да изедначува тен и да не ја мрси кожата.
Благодарам @ванилала. @Rose96 да каже дали light нијансата е отприлика слична со Ревлон 150-ка. Јас планирав да ја земам extra light зашто таа најмногу ми фаќа око некако. Ама пак не сум сигурна да не ми биде премногу светла.
Не е иста Light нијансата на 150-ка од Ревлон. Потемна е и тоа баајги потемна и различни подтонови се. Extra Light земи си ја. Сите три продукти сум ги пробала и користела со истите нијанси, па од искуство ти кажувам Light нијансата мене искрено темничка ми беше, некако портокалова ми маваше дури на некое светло А екстра лајтот, најновата е одлична за светла кожа, и многу е слична со ревлонот 150-ка , да не кажам па скоро иста
Е многу ти благодарам. Ќе ја земам дефинитивно најсветлата. Цената е ептен поволна, не ми се пропушта.
Мислење за шампоните на Авон? Поточно црвениот.Го нарачав па сакам да знам дали некоја го има користено било кој.
Сте користеле ли нешто од следниве производи: подлога за шминка за совршена кожа Mark Magic со ЗФ 20, пудра во прав со минерали Avon Mark, бисери за завршен ефект Avon True или спреј за подготовка и фиксирање на шминка? Другарка го користи спрејот за шминка и е задоволна, но сакам повеќе мислења да слушнам. Се мислам дали да ја нарачам оваа подлога или таа од Орифлејм и исто се мислам помеѓу бисерите и пудрата во прав. Се спремам за на свадба, па да се подготвам.
И јас кога имам спрејот уште од почетокот кога испадна. Задоволна сум, за тие пари е супер. Го користам и како подлога и каки фиксатор на крај.
Ќе ги ставам сите слики во оваа тема. Дали имате користено некој од производите и колку сте задоволни?