K Кога ги користев шампонот и регенераторот заедно со капките од истата колекција да имаше а сега пред недела дена почнав само со спрејот па има да малку ефекти.
@IM.TMKQ, двослојниот спреј го немам користено, но другарки што го имаат користено се задоволни. Од третманите и маските од оваа линија (Advance Techniques) не сум задоволна, исто како да немам ставено ништо на косата, додека од регенераторите сум ептен задоволна. Претставничката од каде што порачувам е задоволна и ми ја препорачуваше маската за коса од Planet Spa со маслиново масло, само не сум сигурна дали во овој или во наредниот каталог беше 169 денари некаде, па ако сакаш и ако ти треба можеш да ја пробаш. Последното спрејче го користев во комбинација со шампонот, регенераторот, маската и капките за коса од истата линија и ниту бев нешто воодушевена, ниту нешто разочарана. Не е лош, ама подобар избор ми се Gliss спрејовите кои долго ги заобиколував.
Кој спреј од Gliss ти е најдобар? едит: мислам дека ја нема маската на Planet Spa во овој каталог, не успеав да ја најдам.
Во кампања 11, на страна 122 е, 269 денари. Во кампања 12 е 169 денари. Од Gliss моментално ги користам шампонот, регенераторот и спрејот Supreme Lenght. Од спрејот особено сум задоволна, дури и да не ставам регенератор можам да ја расчешлам косата. Преубаво мириса и косата е прави како свила. На дм му мирисал на малини. Спојлер: Gliss Supreme Lenght Порано го користев црниот спреј од Gliss, но не бев задоволна, имав чувство како да ми "стои" на коса и ми ја правеше тешка и груба.
Илуминатор е, осветлувач. Јас го имам и долго време го користам, не се става по многу. Можеш да го користиш над или под течната пудра. Јас најчесто после нанесување на течна пудра ставам илуминатор на одредени делови на лицето, одбегнувам да го размачкувам го ставам со тапкање, дава златест сјај на делот на лицето каде што ќе ставиш. Тенок е и нема тешка структура.
Јас го користам тој со арганово масло, го порачав за проба и премногу ми одговараше на косата па продолжив да го користам не менувам веќе шампон. Исто и маската за коса со арганово масло е предобра, ја имаше на попуст по 69 денари ако добро се сеќавам инаку не мислев да ја порачам и многу ме бендиса. Пробај ги нема да зажалиш.
јас претходно неколку пати пробував да отворам се беше ок само не ми се листаа страници. Како и да е ќе пробам сега пак. Фала ти
@marchi-cool, хм, не знам зошто, кај мене супер се листаа страниците. Еве уште една каде ги има и фокусите и нето понудите: www.avonet.pl
успеав. Ги отвара фала ти само не се 100% истите. Има мали измени. Ќе разгледам и на странава која ми ја пиша