Каков тен имаш и каква нијанса одбра? Читам погоре дека лајт нијансата била темна дури и портокалова... Затоа мразам да нарачувам од каталог, на слепо треба да бирам...
Темен тен имам јас и медиум земам последен пат кога нарачував ја немаше третата нијанса нешто ново е вајда а можда и сменена да е сега....бидејќи ја кога почнав да ја користам беше во друга туба а сега е во друга.
Jaс ја земав extra light. Ако нијансата е иста или слична како 150ка од Ревлон Колорстеј, каква и да е кремата ќе ја биде и ќе ја потрошам. Верувам во зборот на @Beauchamp затоа што памтам дека и таа имаше кожа многу слична на мојата, па мислам не погрешив, ама како и да е за сигурно ќе потврдам и ќе пишам повторно кога ќе стаса нарачката за десетина дена.
Мал апдејт - ми стигна ББ-кремата (мат верзија) завчера. Супер е, ми се допадна. Издржа цело работно време со минимални корекции кај носот (без претходно нанесен прајмер, само крема), нијансата ми е скроз погодена и како за прво користење...тоа е тоа, супер ми е. Ќе кажам повеќе по некое време, вака на прв поглед не е воопшто лоша и ми ги надмина очекувањата, јас очекував паштета-крем искрено. : )))))
бб мат кремот на nutra efects ми се чини е најдобро нешто што сум го сретнала. Толку измазнува и покрива.... Ми се чини и од пудра е подобар.
Навистина е супер, вреди да се купи. Сега во тековниот гледам чини 250 денари, што повторно не е воопшто лоша цена. Но минатата понуда ептен беше нешто што не се пропушта. Ризикот со нијансата се исплати.
Средна, мене ми е иста како некои пудри кои сум ги користела порано, но имам чисто лице па и не сум некој репер околу покривност.
Не би ти го препорачала. Четката е тврда а ако ставиш од восокот пред или после цртањето на веѓите, со гаранција ти се размачкува. Ако сакаш да ги користиш одделно, не се толку лоши.