Според мене е чиста глупост и вата ги фрлив бидејќи по секое ставање тук там некое мозолче ми излегуваше. @Anna-Banana наредниот тек утре ќе ми стаса бидејќи сега го праќаат само тој шо е во моментот и наредниот не како порано двата наредни што идат.
Мислам дека @AnaKarenina го има користено овој сет, одамна мислам дека беше ама сум запаметила дека таа имаше пишувано мислење за сетот. Јас немам искуство, ама редовно си го нарачувам најобичното моливче за веѓи што е на извлекување (во тековниот каталог е 99 денари ). Да не случајно некоја од вас има некој од кармините (Avon true color, обичните): -Knockout Pink -Toasted Rose Oд вториот успеав да најдам каква таква слика на Интернет, ми се допаѓа, ама од првиот малку потешко. А баш изгледа фина нијансата во каталог, иако се сомневам дека е скроз иста па затоа сакам да проверам пред да се залетам со купување.
Уште го користам сетот И тоа баш истиот, пошто споро се троши. @kristina.k јас сум задоволна, само што јас друга четка користам, таа во сетот е малку груба, за веѓи имам поубава. Супер е за тие пари, само што нијансите се ограничени. Ама ако ти одговара оваа нијанса, слободно порачај си ја.
Дали може да се има придобивка од зачленување во Авон? Попусти, подароци итн. Би сакала да се зачленам и да нарачувам за себе си и за мајка ми.Дали е дозволено тоа или морам да правам и порачки за други? ( не би сакала да си зимам обврска затоа и сакам да нарачувам само за себе си но незнам дали може така).Благодарам
Може само треба минимум порачка да ти биде 1500 ден. Немора секој месец да порачуваш што е предост исто. Само со мали порачки подароци малку тешко обично имаат цели што треба да ги исполниш како големи порачки до одредена сума за да може да земеш подарок, односно си го плаќаш по некоја ниска цена до 40-80ден. Предност ќе ти биде само што производите ќе ги зимаш со 15% попуст, а тие со услов 10%. Доколку некој веќе ти ги дава по набавна не ти се исплаќа да се зачленуваш, имаши трошоци како на пример еден каталог е 55ден, ако сакаш испорака до дома 100ден (и да не сакаш испорака до дома на враќање кога ќе го земеш пакетот мора да фатиш такси така да исто ти се фаќа), исто порачка во четврток ако пуштиш с енаплаќа 30 ден. Сума сумарум немаш некој ќар
Не се исплаќа да порачуваш само за тебе и мајка ти. Подобро најди некој претставник и преку него порачувај.
Доколку сакаш да се зачлениш можеш преку мене, интересни се првите 4 месеци - доделуваат подароци, а и доколку се зачлениш преку некого - му правиш голема услуга, а и не си преку некој рандом човек зачленет, а вака би ти помогнала и би ти допишувала работи-доколку ти фали порачка. Би зачленила мои луѓе, но работата е да се има тим кој ќе пушта порачки(не сакам да зачленувам од мојот град, може, ако сакаа повеќето), велат поисплатливо е да се биде лидер. Ако некој сака да се зачлени и знае некој што сака - слободно да ме исконтактира. А, околу производите - карминчињата топ и само нив ги користам, да не ги изоставам и парфемите - посебно понудите како 4 парфеми и сите ги добиваш со 45% попуст.
Девојки сакам да порачам од минералната пудра на авон, марк мислам дека беше марката, но во каталогот не можам да ја најдам, нити во наредниот. Некоја информација за истите?
Искуства со кремава, каков финиш има? Брзо светнува лицето или може да се користи за под пудра? Пс.сите живци ми отидоа со скролањето на новата верзија електронски каталог
Ја имам користено кремата порано, не е лоша ама не е многу хидратантна. Лесна, летна крема. Баш под пудра ја ставав, ми беше супер ама за нега на лицето и не баш. Некако чувствував дека ми фали некоја подлабинска нега. Кремата освежува, како водена е и баш мислам дека беше на база на глицерин и вода меѓу другото (има и парафин). Не е лоша, ама само за под пудра. Јас имам масна Т-зона и комбинирана кожа, па само ова не ми беше доволно за секојдневна нега.
Здрво девојки дали некоја го има користено овој ББ крем , како стои со покривноста инаку имам комбинирна кожа ? Овој цц на фармаси трауми ми створи да не помислам веќе на фармаси цц крем
Дали некој има порачувано од ташните од Авон? Ме интересира дали се квалитетни и дали вредат за цената. Конкретно оваа си ја бендисав.
До сега имам купено три и на сите три душата им ја извадив Сега сакам да ја нарачам и таа кафено со црно што е
@CameliaMiller искрено размислувам уште. Имам една ташна од Авон малечка,кафеава уште пред неколку години порачана и добро се држи а и ретко ја носам зошто искрено сакам ташни со средна големина, ни многу големи ни многу мали. А оваа ми се допаѓа едноставна е и боите ми одговараат, баш есенска. Само многу пари ми се гледаат, страв ми е дали ќе ми се погоди.
добра е но нема голема покривна моќ. Многу попокривни се оние Avon nutra effects а инаку дава изедначување на тенот и хидратација,воопшто не тежи