Имам комбинирана кожа, некогаш сува, некогаш помрсна кај Т зоната. Да, чисто лице имам ама ако ми искочи во ПМС нешто на лицето, убаво ми покрива и ми легнува убаво на лицето. Не се приметува ни пудра дека имам.
Што мислите за luxe маскарата? Се мислам да ја земам ама некако четката од маскарата не ми се допаѓа. Ја има некој користено да сподели искуство?
Јас не сум мн задоволна, многу ми се пресликуваше и лесно ми се размачкуваше мака мачев додека ја ставав. Не би ја порачала пак.
Дали некој ги користел самоостречките моливчиња за очи, особено тие во боја (виолетова, сина, тиркизна)? Не светкавите нијанси, туку оние класичните, или некоја од петте нови светли нијанси? Имам едно моливче од Mark, обично е, не е самоостречко, што од едната страна има такво за размачкување и некако не ми се погоди, многу е тврдо, не е кремасто. Па ме интересира дали и овие моливчиња се такви или (се надевам) се покремасти
Јас ги користам, многу сум задоволна од нив и да кремасти се, само што најпрво имав црно моливче па порачав виолетово и не видов некоја разлика во боите, можеби за нијанса посветло од црното ама во секој случај бојата не се познава баш Дали го има некој следниот каталог (од 5ти Февруари што почнува) да ми ги слика маскарите од Mark?
Девојки што е работата со перлите/бисерите за лице warm glow, многу се портокалови како ајвар, не беа такви, преубави беа светло кафеаво многу убаво изгледаа на лице. Ги порачав од декемврискиот каталог ги ставам и ајвар на лицето.
Девојки, некои tips and tricks како се користат моливчињата за очи (самоостречките, тие на почетните страни што се)? Имам едно, сакам и други бои да нарачам ама пробувам да ставам на горниот капак тенко линивче и никако не успевам да ставам добро... ми останува празен, необоен простор помеѓу (ајде да речам) работ од капакот (таму каде што се корените од трепките) и линијата која што ја исцртувам. Колку и да пробувам некако не успевам целосно да го пополнам, дали јас не сум доволно упорна или има некоја финта?
А зошто не пробаш да го ставаш на долниот капак, јас само на долниот капак го нанесвам моливчето, преубаво изгледа и ги прави очите поголеми и поубави, а за горниот капак можеш да користиш туш (има и во разни бои), знам дека е тешко, но само треба да се пракса и нема да ти биде проблем
Девојки, сте ја користеле ли ANEW Perfect Skin ББ кремата? Сликава е од најновиот каталог, само една нијанса ли има или јас не гледам кај се нијансите наведени? Цената е добра, па би сакала да ја пробам, искуства се добредојдени. @smb asr видов во темата со слики дека си ја купила, имаш искуство веќе со кремава или прв пат ја земаш?