Женски искуство со маслово? Другарка ми го фалеше па се мислам дали да го земам? Дали се упива или остава масно на лицето?
Претраен,мора да се тушираш ако сакаш да го извадиш од тебе Сегно,го имам на залиха по набавна цена доколку го сакаш пиши ми порака
Дава убав ( како за крем за самопотемнување ) бронзен тен, кожата блеска по нанесувањето. Имаат мали ненападни светки. Треба редовно користење и ексфолирање и хидрирање на кожата пред нанесување за резултат. Резултатот е брз, зависно од кожата. Кај мене после 2 нанесувања се гледа разликата. Не се отсликува на облеката.
Сакам да порачам масло за лице (имам доста сува кожа). Па се двоумам помеѓу тоа Miracle Glow (стр.120) и маслото од Planet Spa (масло за лице со медитеранско маслиново масло) (стр.176). Сте користеле некое од овие, кое би ми го препорачале?
Да да точно го нема сега има мн малку избор на парфеми. Што ,знам овој е поскап каталог сега што ќе биде.
Мене многу ми се бендиса новиот парфем Eve Truth. Ко за на работа нежен, не е нападен, уште да се сложат со мигрената моја и таман ќе е. Последно го имав Life со Кензо што е соработка, ама почна веќе да ми смета. Друго ми беше прашањето, дали се уште постои едно кремче за кутикули во бела мала туба? Не можам да го најдам во новиот каталог, да не е укинато? Ефикасно ми беше за кутикулите многу.