Девојки, мислење за миривчињата од колекцијата Pur Blanca. Го имав белиот, ми беше премногу јак, не ми се допадна. Какви се останатите?
Ми треба мислење за бб кремата на ању скин перфекшн, дали е само во една нијанса,и дали го изедначува тенот? Имам комбиниран тип на кожа,дали би ми одговарала?
@Fatalnata ANEW BB кремата доаѓа во една нијанса и совршено се приспособува на различни тенови. Јас имам масна Т-зона и морам да ти кажам дека само секунди по нанесувањето на кремата, челото ми светеше како да сум под рефлектори. На тенот сигурна сум дека ќе ти одговара, но не знам баш за типот на кожата дали ќе ти е погоден овој крем.
Многу ми се допаѓа. Ја прави свиленикава кожата и ми го смирува црвенилото. Може да се користи како крема или на место каде што сакаш, по избор. И преубаво ми мириса. Од оваа линија clear skin само коректорот за покривање мозолчиња го имав, кој нема голема примена, барем не сум нашла, освен кога не ставам шминка па флеките да ги ''задскријам", ама и тоа заборавам. А, ова е топ, околу 120 го земав. Заборавив да кажам дека содржи и салицилна киселина, па можда пецкањето кое го чувствувам е поради неа, ама толку го сакам ефектот и чувствувањето дека ми се затега кожата и ми ја прави мазна и мека. Можеби е до тоа дека имам сува, не знам како би делувало на мрсна, нема потенцирано за каков вид на кожа е. Плус, кога ќе се нанеса има леплив финиш, ама со сушење поминува. Нанесете го и почекајте десет минути, па легнете. За да не се залепи на перница, на почетокот имав чувство дека ми се лепи на перница затоа што немав почекано да помине време од нанесувањето.