Јас ја имам нарачано сега скоро,крематА преубаво мириса,не е мн мрсна,лесно се впива во кожата и солидно хидрира. Вреди за парите,мислам дека ќе ти се допадне.
Јас ја користам и сакам повторно да ја порачам. Задоволна сум, на мене има мал затегнувачки ефект околу очите. Ми ја имаат пофалено и други.
Препорачајте некој убав парфимиран лосион за тело Сум го користела Eve Alluring , но го нема во оваа брошура.
Ги има ли некој користено самоостречките моливчиња за очи ? Оние кои се на почеток во новиот каталог , 119 ден. Дали се премногу светкави за преку ден, се црта ли убаво и дали се размачкуваат ? Конкретно Emerald glow и Glistening topaz ме интересира од овие. Од моливчињата со сунѓерче 229 ден. што се ме интересира дали некој го пробал Bronze Sheen? И за крај моливче-сенка тие што се нијансите Sailor Taupe и Gilded Gold. Фала
Првите ги имам користено и за мене се жива глупост, мн брзо се трошат што знам а и неможев правилно да нанесувам како што треба и ги баталив.
Јас користам црно и виолетово и мн ми се погодени само што не се познава разликата во тое бои, исто нарачав и светкаво, убаво е но не се познава баш, само ако некој те гледа блиску во очи, а иначе од подалеку не се познава Како и да е јас ти препорачувам црно и стави го на долниот капак, многу убаво изгледа и окото го прави поголемо и поубаво
Девојки за кои моливчиња зборувате? Инаку не барам црно туку зелена, кафеава, сива и такви златникави нијанси. Затоа конкретно ги пишав
Јас сум баш задоволна од тие 119 што се, моментално го имам емералд глоу и баш убава боја остава. Го ставам и како туш и супер ми е.