и јас на овие мислев,задоволна сум во моментов ја имам emerald glow и феноменална ми е,црна боја со зеленкави шњоки ( не знам како да ги наречам) кога ќе си ставам ми изгледа идентично како туш да имам и ми ги истакнува очите,зелени ми се
Јас ги имам скоро сите glimmerstick самоостречки моливчиња и одлични ми се. И зеленото, сивото, виолетовото, едно преубаво нежно розе, тиркизно, сите светкави и несветкави и со години ги користам уште откако излегоа. Предобри ми се, не ми се пресликуваат и не ми сметаат на очите. Кафеавото (brown sugar) и зеленото (emerald glow) ми се најомилени и мислам дека најубаво ми одговараат на бојата на очите. Ги користам како лајнер на горниот капак, развлекувам со аглеста четка и немаат гајле. Дури и smoky eyes ефектот лесно се постигнува со нив, добро се блендаат и не се пресликуваат дури и без фиксатор. На внатрешната линија од окото (waterline-от) во долниот дел, мене не ми се допаѓа како стои обично моливче, ниту светкаво, едноставно никакво... Но тоа си е моја некоја навика, па најчесто ставам на делот под долните трепки и сите нијанси изгледаат преубаво. Тоа розевото со дискретни светки (мислам дека беше brighten up или pearl, не се сеќавам) ми е прекрасно за тој дел од окото. И црното моливче ми е од тој тип на моливи, е само за него користам фиксатор за секој случај, а поубаво ми е и од течен туш искрено. Подобри и поевтини моливчиња од овие за мене не постојат.
Тие со сунѓерче мене не ми се допаѓаат, го имам црното и многу е тврдо, тешко се размачкува, а ќе речеш тоа му е целата поента. Самоостречките се подобри
Некоја од вас дали го има Ребел парфемот,да ми каже дали е јак и мириса така како што мириса во каталогот? Го нарачав на слепо знаејќи дека оригиналниот Far away е многу траен,па дали и овој е таков? Љубителка сум на парфеми со јак мирис што трае,на пример како luck. Ви благодарам
Јас го имам и премногу ми се допаѓа и траен е.Скоро до пола ми е , а сега брзо го зедов, ама предобар е.
Јас го имам како мало спрејче и многу ми се допаѓа, впечатлив е (не толку колку Far Away, мене тој ми е пренападен, но доволно), траен, мириса слатко, на карамела. Си направила добар избор, мене ми е следен на листата за порачување
Кажете ми ако има добра маскара да нарачам од авон, и пудра ако користите добро покривна некоја? И од кремите на Anew за хидратација која е убава?