Јас го имам, задоволна сум. Имам сува кожа, често ми се лупи, ми се прават лишаи, па ова ми го смирува тоа. Брзо се впива, што е супер. Има пријатен мирис кога се нанесува, меѓутоа откако ќе „отстои“ на лицето некое време, почнува да ми мириса некако чудно (јас викам ми мириса на старо, не знам баш да го објаснам тој мирис, ме потсетува на мирисот на стар шифоњер кога ќе го отвориш. Чуден опис, знам). Тоа ми е единствена замерка, меѓутоа не е ништо страшно, ниту пак толку силно се осеќа - па за да не се трпи. П.С. Јас сум и доста специфична за мириси
Слика 1: кај нас е сменет производот еве но парфемчето го има во нето понуда и мислам дека е окоми 199 денари. Слика 2 : 179 денари,додрка пак парфемот го има во фокусот и е 590 денари. Слика 3: 119 денари. Слика 4: 129 денари
@TutiFuti Дали ќе можеш да ми кажиш колку ќе бидат цените во следниот каталог на мирисите Perceive Dew (зелениот) и Perceive Oasis (розевиот), и дали ќе ги има мини парфемот и лосионот од Avon Life? Ти благодарам однапред
@Mishela Долго време го користам маслото од роза на алверде, затоа што е такво, лесно не многу масно и ми одговара на оваа, моја комбинирана кожа. Видов дека го користиш маслото од Авон , Miracle Glow. Задоволна ли си ?
Не го користам баш долго за да оформам некое позитивно-негативно мислење, почнав да го нанесувам од пред неколку дена. Но засега не е лошо, многу брзо се впива, лесно е, не ја замастува кожата, убаво хидрира. Составот не му е најдобар ако сакаш баш масло во вистинска смисла, има силикон и екстрактите од маслата се некаде на средина со позициите. Меѓутоа, споредено од претходно, ептен го унапредиле составот што е за пофалба секако. Ќе пишам пак, засега навистина не ни имам што друго да напишам освен ова. @Glossy-girl двофазниот спреј за коса мене многу ми се погоди, само треба да се внимава со дозирањето кај коса склона кон мастење. Ако ставам малку повеќе од потребното, косата веднаш ми се мрси наредниот ден. Ставам само на врвови ама не прскам, туку разнесувам по раце и ги опфаќам врвовите потоа со лесни движења. Многу убаво мириса и задоволна сум од тоа како ја негува косата.
@TutiFuti а имаш ли каталог 8? Или рано е? Гледам и таму има добри понуди во полскиот каталог. Па сакав да прашам за цени
ИТНО Е!! Сакам да се зачленам во Авон и ми треба некој лидер ако има овде за да ме зачлени!! Јас сум од Охрид пред 1 година работев со Авон и прекинав и сега сакам пак да се зачленам но лидерот кој ме зачлени во Авон не работи повеќе со Авон. Ви благодарам однапред.