А што велите за naturals маската за коса, од камилица и алое вера? Ја има ли некој користено, и како ви се допаѓа?
Јас лично ја немам купено,ама имам ставено од на другарка ми,таа цело време ја купува..и морам да кажам дека е убава маскарата и стварно ги прави убави трепките. Другарка ми е презадоволна
И јас ги немам користено, но последниот пат кога го гледав каталогот ми паднаа во очи и си ги порачав.Колку што имам читано макадамијата и авокадото се одлични за косата..па девојки останува на сите да ни стигнат производите и да коментираме како сме задоволни од нив
не, одамна го нема тој спреј а најубав им беше од таа линија спрејчиња за тело.. во глобала задоволна сум од козметиката на авон, посебно маскарата супер шок редовно ја користам веќе 4 години
^ Незнам за розевото, ама по сликата изгледа дека тоа остава така повеќе боичка, a Red е кремасто и не се познава многу
Јас си го зедов денес лабелото од ванила, преубо е, мазна ја прај устата, и шо е најважно убо мириса Лосионот за лице зелениот е исто така преубав, ептен ми се бендиса и преуба ми ја прај кожара. Таман се
За сите девојки кои го порачаа комплетот маска и шампон со макадамија и авокадо.. Мене вчера ми стигнаа и ги пробав веднаш.. резултатите се добри, како за прв пат. Косата ми имаше многу голем волумен и ми беше мека исто така .. друго нешто не приметив. Еве сега си ја пипам косата и ми е многу мека .. иии се заљубив во мирисот и на маската и на шампонот.. преубаво мирисаат . Ќе продолжам да ги користам и ќе видам какви ќе се понатамошните резултати, сепак од прво миење не може толку добро да се видат. Поздрав девојкии
Луничка, јас редовно ја користам и сум презадоволна. Ја прави косата мазна и мека, а и многу лесно се чешла. Инаку, сакам да го пофалам гел моливот на супер шок. Подобро нешто, досега не сум пробала. Добро исцртува, долготраен е, не се размачкува и водоотпорен е. Има една маана: многу тешко се отстранува.
го користам ултра колор ред 2000 и стварно е преубав, трае цела вечер, мат е, а усните изгледаат сочно! препорачувам!