Авон и нивната козметика

Дискусија во 'Лице' започната од lovely-girl, 15 февруари 2012.

  1. Kimberly11

    Kimberly11 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    1.610
    Допаѓања:
    9.426
    Пол:
    Женски
    За колку време стига нарачка од авон?
     
  2. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    927
    Допаѓања:
    1.629
    Пол:
    Женски
    Сакам искрени мислења, не fake реклама. Никогаш немам користено, а сакам да пробам. Искрено, како сте задоволни од кремите Anew? Оние што ги користите, дали навистина забележувате разлика, подобрување на текстурата на кожата и околу очите? Посебно од оние креми што се за било која возраст, со лифтинг ефект??

    Од некои од овие планирам да нарачам, па ми треба ваше искрено мислење.
    Screenshot_20190722_165607_com.android.chrome.jpg
    Screenshot_20190722_170242_com.android.chrome.jpg
    Screenshot_20190722_170327_com.android.chrome.jpg
    Screenshot_20190722_171418_com.android.chrome.jpg
     
  3. Kimberly11

    Kimberly11 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    1.610
    Допаѓања:
    9.426
    Пол:
    Женски
    Ако најдеш состав на некоја стави ме интересира сакам да прочитам :)
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  4. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    2.674
    Допаѓања:
    24.776
    Пол:
    Женски
    Јас од оваа колекција не сум ич задоволна, додека работев имам муштерии кои што само од нејзе земаа и беа супер задоволни. Се дур не пробаш нр можеш да знаеш.
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Kimberly11

    Kimberly11 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    1.610
    Допаѓања:
    9.426
    Пол:
    Женски
    За колку време одприлика стига нарачка од авон?
     
  6. Nausicaa

    Nausicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.018
    Допаѓања:
    14.334
    @Kimberly11, порачки се прават два пати неделно ама зависи од претставничката кога ќе успее да го фати условот. Еден каталог трае три недели, плус уште неколку дена да стигне порачката така да, планирај си месец :) Ако не можеш да чекаш, најди ептен добра претставничка која прави порачка секоја недела.
     
    На Kimberly11 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    2.674
    Допаѓања:
    24.776
    Пол:
    Женски
    Ако е пуштена понеделник до петок треба да стигне а ако р пуштена четврток јас обично тогаш пуштав во вторник ја имав кај мене порачката.

    Јас секогаш унапред собирав минимум по 6000 денари за порачка. Така да веднаш ги пуштав штом започне новата кампања, не верувам дека некој не може барем 1600 да собере за да пушти порачка и да чека цел месец.
     
    Последна измена од модератор: 23 јули 2019
    На Kimberly11 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Кена Рис

    Кена Рис Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2017
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    2.027
    Пол:
    Женски
    @IamSexyAndIKnowIt Јас го користам двојниот крем за околу очи веќе неколку месеци и задоволна сум искрено. Го ставам сабајле на измиено лице. Обично станувам рано и имам подочници и линии под очите, а кремот веднаш дава резултати - ги прави очите одморени и свежи.

    Го имам пробано и BB кремот Perfect Skin (розевиот), но тој ми беше премногу мрсен. Една капка ставив и одма челово ми светеше како елка.
    ANEW Ultimate исто така ми беше мрсен, ама тој е за зрела кожа 45+. Не знам колку години имаш и каков тип на кожа. ANEW Clean водата против стареење лицево не ми ја примаше воопшто, не впиваше никако туку остануваше на површина како со масло да се имам намачкано. И таа чинам е за зрела кожа.

    Најдобар од ANEW кремите, според мене е Hydro-advance гел кремот. Само тој досега успеа да ми ја контролира маснотијата од лицево.

    Ако си 20-тина години, најдобро би ти одговарале ANEW Perfect Skin или ANEW Hydro-advance линијата, во зависност дали имаш нормална, сува или комбинирана кожа.
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Nausicaa

    Nausicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.018
    Допаѓања:
    14.334
    @TutiFuti, не ми се верува дека на ваква тема ќе треба да правам сериозен муабет. Значи, не сите се движат меѓу финансиски моќни фаци за да може да го фаќаат условот секоја недела. Откако е дојден Авон во Мк, секоја дистрибутерка од која имам порачувано порачката ја правела на крај од каталог. Веројатно се движам во посиромашни кругови, јбг.

    Другарка ми е дистрибутерка. Има и другарки, и роднини, и колешки. Она е единствена дистрибутерка и во друштво, и кај неа на работа. Првиот проблем е што повеќето не сакаат да порачаат кармин на невидено и парфем на немириснато. Затоа почна да мкне тестери со себе. И пак постои недоверба кон купување каталошки. Следно, дел ќе купат купка и крема за раце кои се колку? 150 ден? 200 ден? Или кармин и моливче. Или само серум за врвови. Тоа е, никој нема вишок пари за купување нешто за кое нема потреба. И трето и најбитно, на другарка ми повеќето ќе и кажат што сакаат уште на сам почеток, ама нагласуваат дека ќе и потврдат во понеделникот кој е последен ден од каталогот. Зошто на сите им требаат пари, дел се веќе родители и џабе што ти си сакала парфем да си купиш кога детето ти се разболело и парите ќе одат на лекови. Затоа и повеќето оставаат за крај да и кажат што ќе порачаат, кога ќе знаат како стојат финансиски. Особено кога станува збор за порачки кои чинат повеќе- поскапи креми, парфеми, ташни итн.

    Супер што си секој месец си правела големи порачки. Ама биди искрена- тоа не зависи од тебе, освен ако за себе си купувала, туку зависиш од финансиите на тие околу тебе. Затоа не на сите им се исплати да бидат диструбутерки.

    Другарка ми почна да работи со Авон не за да заработи, туку повеќе како хоби. Па уште кога ги дозна поволностите кои ги добиваат дистрибутерите, мислам дека нема си купено ташна што не била за ситниш од Фокусот. Од друга страна, фризерката кај која се шишам растура. Она си вади и солидна втора плата преку Авон. Жената пушта порачка два пари неделно. Е ама, кога имав ситуација со една ташна, другарка ми без една примедба ми ја рекламираше. Фризеркава кога требаше да замени едно парче накит (сведок бев), имаше реакција како да треба да оди до Америка пешки. Уште навредена, ќе се кара, божем клиентката е крива што од Авон утнале. Затоа, јас ќе имам трпение за другарка ми што прави порачка еднаш месечно, зошто сакам она да си ги земе тие 10 %, и зошто сум знам дека, ако има проблем, нема да ми превртува со очи кога ќе треба да оди да го замени производот.
     
    Последна измена: 23 јули 2019
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    2.674
    Допаѓања:
    24.776
    Пол:
    Женски
    Значи вака се случувало и кај мене да ми фали барем 500_600денари за порачка да пуштам зборам за порачка од 1600 минималната што е пример ило да не се толку и 200 нека се па јас сама си земав за мене некои производи што ми биле при крај.
    Или еве многу е битно да ги добро убедуваш муштериите јас на своите им викав ,,знам дека сум досадна ама супер е стварно ако сакаш земи пробај.'' Она на шала на смешка и некогаш успевало но никогаш немам правено лажна рекламација за некој производ ако не е убав да велам упорно дека е.
    Еве за кармините спомна моја комшика и другарка за еден кармин да го погоди баш тој што го сакаше ми порача 3 или 4 кармини од еднаш сите слична нијанса бидејќи стариот и бил избришан името и ете ти одма 1000ка промет, ја не велам дека не сум собирала и мали порачки и секогаш давав со попуст. Ама битно на првиот опус пуштав порачка.
     
  11. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    3.205
    Допаѓања:
    10.435
    Пол:
    Женски
    Тууу јас искрено не би дала 1000ка за кармини од авон, и да нарачам 3-4 само за да си ја најдам нијансата.
    За 1000ка ќе отидам во ДМ и ќе си купам асален и марка кармин, а ќе си ја трефнам нијансата со тестерите што ги имаат.
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    2.674
    Допаѓања:
    24.776
    Пол:
    Женски
    Абе секакви будали има :D.
    Мое беше да ги услужам нивно промет да направат. 8)
    Инаку јас сум мн задоволна од avon true матот кармини :makeup: .
     
    На ocicka2014 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Nausicaa

    Nausicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.018
    Допаѓања:
    14.334
    @TutiFuti, ама на крај пак на исто излегува. Ти ќе направиш порачка уште првата недела, ама што ако некоја девојка сака да порача нешто ситно во втората или третата недела? Или ќе си чека нареден каталог или ќе оди кај друга дистрибутерка.

    А за комшиката со кармините, сметам дека фер би било да си и кажала дека може да порача мостри и така да си ја најде саканата нијанса.Токму поради вакви ситуации повеќето имаат аверзија кон каталошкото купување на декоративна козметика. Затоа и постојат мострите.

    @ocicka2014, можеш да си порачаш мостра за 25 денари. Ќе можеш да се намачкаш едно 10 пати. Сите имаат право да порачаат, не е привилегија само на дистрибутерите. Во идеален свет, секој дистрибутер треба да ги има мострите и за кармините и за парфемите, за клиентите да не се трошат без везе ама видоа од Авон дека не бива така, па малку- малку, во самата брошура се појавува понуда за мостри.

    Златна Фемина, јас од форумов дознав за опцијата со мострите.
     
    Последна измена: 23 јули 2019
    На sorbet, Trejsi99 и ocicka2014 им се допаѓа ова.
  14. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    2.674
    Допаѓања:
    24.776
    Пол:
    Женски
    И предложив не сакаше мостри, плус од се имав дома мостра, таа сама си инсистираше на кармини не се бунев, а околу ситната порачка јас правев повеќе порачки низ текот на кампањата не само една порачка, сега може една порачка ми била 5000 денари ама затоа наредната може ми е била и 1000 за мене си зимав производи кога ми фалеа за до минималното.
    Ќе работев уште но за жал се иселив од Мк.
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    927
    Допаѓања:
    1.629
    Пол:
    Женски
    Da vo nekolku mislenja procitav za anew hydro advance gelot.. bas mrsno lice imam i do sega samo la roche effaclat matt kremot mi pomognal ama go nema vo mk moram da go baram nonstop nadvor od mk. Se nadevam navistina pomaga gelot i go drzi liceto matt barem 4 5 casa? Bas zatoa gi odbrav site tie proizvodi za mrsna koza i site na slikata se za bilo koja vozrast. 23 godini inaku. Anew ultimate neznam koj e i nema da go koristam stom e 45+ . Ti blagodaram za odgovorot.
     
  16. Мејз

    Мејз Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2018
    Пораки:
    304
    Допаѓања:
    2.426
    Пол:
    Женски
    од оваа кремава прва слика што си ставила 3 месеци редовно и сабајле и навечер користев и никаков резултат. Џабе фрлени пари
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Кена Рис

    Кена Рис Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2017
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    2.027
    Пол:
    Женски
    @IamSexyAndIKnowIt Пробај со Hydro-advance гелот, навистина е добар. За секое лице е различно времетраењето на мат ефектот, јас го ставам пред да одам на работа наутро и би рекла дека дефинитивно лицето не ми е мрсно и повеќе од 5 часа. Важен e и фактот што овој крем обезбедува заштита од УВ зраци со фактор 15.
    И јас имам пробано повеќе матирачки кремови, но овој навистина ми се погоди. Од другите ми се правеа мозолчиња, а и немаа мат ефект.
    Твојата возраст е таман за да го користиш :)
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Fantasy33

    Fantasy33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2019
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    219
    Пол:
    Женски
    Го има некој новиот каталог што почнува од 13.08 (к12) да ми каже колку се mark маскарите?
     
  19. Kimberly11

    Kimberly11 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    1.610
    Допаѓања:
    9.426
    Пол:
    Женски
    Женски кога се следните пратки од Авон? Имав порачано парфем ми го утнаа и го вратив да ми го донесат тој што го сакам
     
  20. Minci13

    Minci13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2018
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    1.613
    Пол:
    Женски
    Mi treba korejskata maska za lice portokalovo pakovanje,vo noviot katalog ja nema.
    Dali nekoja sto raboti so Avon ja ima vo zaliha?