@lusii ili nekoja clenka sto e zscleneta vo avon ako moze mi pise iboks poraka sakam da ja prasam nesto pozzz
Јас не сум зачленета во Авон. Девојчето од каде што порачувам некогаш ми носи каталог пред да започни, ама сега немам нов каталог.
Црвената крема ми е најубава, другиве некако не се толку хидрантни или можеби некој период само, а потоа исто како да немаш крема.
Ја вратиле Naturals колекцијата со цреша и оревче, тој прастариот спреј, лосион и гел за туширање. Аииии ме мавна носталгија, ќе си ги земам.
Баш кога го листав каталогот пред 1 недела ми текна на муабетот во темава и реков ќе пишам, ама сум изумила Јас веќе си го нарачав цел комплет
И јас го нарачав. Уште не ми се верува дека го вратиле, ама па навистина беше прекрасен мирисот и не ми е јасно зошто толку долго го немаше. Готово е, we shall all be reunited.
Дали сте пробале некоја од пудрите на АВОН? Еднаш одамна пробав LUXE ама многу ми беше мрсна. Од тогаш немам нарачано пудра повторно, а и не знам како би одбрала соодветна боја преку каталог (јас не знам ни во real life да си погодам нијанса ). Вчера гледав на YouTube рецензии за Color Trend Matte Real пудрата и сите девојки беа позитивно изненадени, а и прилично ефтина е - 199 денари. Дали ги бива или да не се надевам џабе?
јас имам користено, прво се зависи од кожата ама најзадоволна сум од бб кремот на нутела ефектс и вц кремот за колор тренд. Ќе речеш слабо некако бб крем во споредба со пудра ама одкако ги користев нив за пудра не сакам ни да чујам. А од пред тоа има добри пудри од Avon calming effect пудрите
@marchi-cool За каква кожа е наменета BB кремата? Јас имам комбинирана кожа. И дали има повеќе нијанси за одбирање? Ако не ти е тешко сликни ми ја
има три видови на бб крем од нутра ефектс и по 3 нијанси од секоја и за сува и за мрсна и за комбинирана има
Се мислам да го порачам Far away но не сум сигурна искуства?или ако може предлог за некој убав ванилест сладок парфем
Овој Ребел што е погоре постиран Има мирис на благо,што не е по мој вкус. Го добив поклон и чат пат се прскам. Убав е,ама не сум фан јас на овие слатко-ванилести тонови