Јас го имав гелот за туширање Indian rituals ама не сум многу задоволна.. имаше јак мирис, а и текстурата му беше многу густа (обично геловите за туширање се потечни). Инаку, кремот за раце од какао е предобар и многу убаво мириса.
Колку милилитри е овој far away rebel и колку чини во најновиот каталог. Го имам користено оној класичниот со розе капаче и одличен е за овој период.екстра траен е
Споредете го која можете со Far Way оригиналниот, отприлика да знаеме каков мирис има.. Се мислам дали да го пробам или да си останам на стариот.
Јас. Многу се интересни, не знам ни како да ги објаснам. Како прашкаст крем се дур се нанесуваат. Брзо се фиксираат на усните како да си носела кармин со саати. Многууу се трајни. Дури со ептен мрсна храна се вадат. Е сега, според мене најнегативна работа е што има многу малку кармин количински, и треба неколку пати да земаш од внатре од капачето каде што е карминот како за на сликата да добиеш ефект пример. Тоа е толку мало, колку пола нокт поголем да кажам А, цената е висока. Нијансите инаку се преубави и тоа е тоа. Мислам дека би ги зела пак само ради трајноста и нијансите, али количински и ради цената не.
Зошто се уште новиот каталог не е објавен? Почетната страна е поставена, но кога ќе кликнеш те носи на стариот каталог.