Јас го имам, како лосион, некој вид пена за миење на лице, бидејќи е со јаглен има некој ефект против црнки и мозолчиња, не е за секој ден но, неколку пати неделно. Јас ставам и на грбот кога се туширам доколку имам некое мозолче и супер ефект дава. Ставај крем после тоа само.
Moze li iskustva so luxe pudrata..dali e pogodna za posuvo lice..slusnav deka veke ne bila ubava I nikoj ne ja koristel.
Погодна е. Јас ја користев и мене ми беше малце мрсна бидејќи имам комбинирана кожа со масна т-зона. Има океј покривност и дава свежина на лицето.
Helti miks koga ja probav mi bese ko pasteta na liceto....koga koristev luxe mi bese mnogu ubavo liceto...ama sega neznam slusnav glasini deka ne bila ubava vise.
Мене супер ми се пудрите од Авон, за секој ден ги користам веќе едно 3г. Ама рачунај дека имам пресуво лице и чиста кожа ептен, па затоа супер ми легнуваат. Инаку не е покривна ако имаш потреба од покриеност.
Ne e problem tolku za pokrivnost..nekolku bruncinja mozam I so korektorce da gi prikrijam..bitno mi e da stoi ubavo na liceto.
И јас имам претежно суво лице, посебно сега зимоска. Luxe ја немам користено, ама оваа ептен ми одговара на кожата, не се ни осеќам како да имам пудра на мене. I recommend it
Јас имам пробано, еве уште ми стои..за мат мат се, ама веднаш се бришат, немој да очекуваш долготрајност нити ништо слично.. не би порачала пак.
Убави бои, мат се потполно, но не се сушат туку како да имаш ставено класичен кармин. Јас имам неколку и што знам, веројатно поради тоа што боите се стварно интензивни и убави би порачала уште, но не се многу трајни тоа е факт. Ако сакаш слични но, долготрајни пробај од марк течните од авон 16h што пишува на нив. За нив немам замерка.
Како што пишала rumcherry, Power Stay 16h се way better. Ептен се трајни, ама заебано е ако се згрешиш оди па избриши се Ни мицеларна, ни марамица не го брише скроз, само земи со нешто мрсно и греби хахахах. Инаку јас ја имам Non Stop Nude и после два ручека и цел ден излезена без да го поправам изгледа сосема природно, дали 10% има избришано... а не ко тетка некоја само контурите останати
Јас го имав orange you happy мислам беше нијансата и мене ептен ми беше добар и бојата интензивна, а и баш ми беше долготраен. Мн комплименти добивав за карминот, го потрошив до крај