Ме интересира дали се исплаќа да се зачленеш во авон само да речеме за лични потреби и најблиските другарки? Во случајот само за мене и другарките да нарачувам и да не правам пример некоја поголема порачка од еве 2500 денари. Дали ваков случај има некаква корист бидејки нарачувајки не добиваме никаков попуст а во глобала заедно правиме околу 2000 денари заедно за нарачки. Кои придобивки би ги имала да ми објаснете.
Мислам дека минимален износ е 1500 или 1700 и имаш попуст на цените тогаш. И со зголемување на висината на нарачката мислам дека има поголем попуст ама не сум сигурна. Друго некој поупатен нека каже.
Здраво,доколку имате нарачка до 3000 денари имате попуст 15%,доколку имате нарачка над 3000имате попуст 20%,за достава трошоци до дома се 99 ден,ако си подигнете од Делко само 19 ден.Работите од мода и стил,работи за дома..имаат стрикно 15% попуст,има програми на пример доколку нарачате Anew производи/шминки/гелови за туширање.... во вредност од 2000 ден имате45% попуст на нив,некогаш и плус награда со нив,секоја кампања различно е тоа,има награда во секоја кампања плус,кога ќе се зачлениш има посебни нагрди,можам и нив да ви ги испратам,а воедно доколку сакате може и да станете член на мојата група
Zenski da predlozite nekoja maska od Avon za mrsna i problematicna koza ? Nikogas nemam koristeno skincare id Avon zatoa sto sum skeptik(uste sum),ama ete sakam da dadam sansa moze ne sum bila vo pravo. I ve molam samo iskreni iskustva
Прво црната маска, која не е класична со лупење ама мене ми го чисти лицето, потоа желе маската - ставам и до другиот ден немам мозолчиња а и послабо црнки ми се прават, и најдобра маска ever од clearskin за црнки, ништо толку добро не ги вади само што треба да се исуши ептен.
За каква кожа се маскиве? Која е подобра? Имам осетлива комбинирана кожа,со одредени суви делови. Ии дали убаво мириса тоалетнава вода?
Сакам да се зачленам авон па некоја претставничка ако можи да ми кажи дали фактурите се плаќаат online бидејќи немам време за да одам по банки и да ми кажи колу е минималнатс сум која треба да ја исполнам за да направам порачка од еден каталог?
Zdravo Da moze online a moze I pry dostava na narackata da pratis na kurirot sto ke ti ja do stavi. Za da imas popust na narackata treba minimum 1600 den da imas naracka a ako ti e pomala narackata od 1600 togas ne as popust na proizvodite pozz
Дневнава крема сте ја користеле за секојдневна употреба или по потреба(така пишува на кутијата)? И дали на сува или влажна кожа ја ставате? Пред некој ден ми стигна па да почнам да ја користам.
@Mishela Мишелке во некоја од темите те прочитав за спрејот за лице од авон. Па, реков да прашам за овој мислиш или има некој друг?
Тој е, супер е. Често го има за 99, па тогаш си правам залихи. Фин и освежителен, преубаво мириса, нежен е. За тие пари е топ.