Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Авон и нивната козметика

Дискусија во 'Лице' започната од lovely-girl, 15 февруари 2012.

  1. Leo-nora

    Leo-nora Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.956
    Допаѓања:
    1.267
    Пол:
    Женски
    moze li slika i dali go ima sega vo katalogot
     
  2. macence123***

    macence123*** Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2016
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    1.735
    Пол:
    Женски
    Ви пишав во порака
     
  3. rumcherry

    rumcherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2019
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    1.115
    Пол:
    Женски
    Најново откритие од кармините на Avon ми е Desiner red од lux и mark prism supernova kiss :inlove:
     
  4. LuxLuxury

    LuxLuxury Активен член

    Се зачлени на:
    4 април 2020
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    parfemite se posebno dobri i cenite se dostapni skoro site parfemi gi imam koristeno.ke go izdvojam legendarnijot Little black dress.ekstra za noke.pudrata na lux.i mark matt karminite :inlove:
     
  5. LuxLuxury

    LuxLuxury Активен член

    Се зачлени на:
    4 април 2020
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    На Cvekence789 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. GirlVolley

    GirlVolley Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.316
    Допаѓања:
    2.371
    Пол:
    Женски
    Zdravo devojki, dali nekoja od vas go koristi aparatceto za cistenje crnki od Avon i dali ste zadovolni?
    Toa sto e kako vakumce, na penkalo lici:)
     
    На macence123*** му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Angy.S

    Angy.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2016
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    77
    Пол:
    Женски
    Дали можам онлајн да порачам,и дали се плаќа достава?
     
  8. Mr.Mary

    Mr.Mary Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2014
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    186
    Пол:
    Женски
    Подобро земи си Сона крема или Аирол од аптека за едно 300ден. отколку скапи серуми кога ти е само за ретинолот. И почни полека на три дена па после зачести и ооообавезно крем за сонце, ако сакаш стварно ефект од витамин А.
     
  9. Minci13

    Minci13 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 април 2018
    Пораки:
    595
    Допаѓања:
    2.324
    Пол:
    Женски
    Airol ja nema vo apteki nekoe vreme :/
     
  10. Mr.Mary

    Mr.Mary Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2014
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    186
    Пол:
    Женски
    Тогаш сона земи си, ја користам веќе три месеци мислам да не те излажам точно... и црнки што имав, всушност тоа не се црнки на носот, едноставно порите на кожата ми се пошироки, видливо се намалија, и кожата ми изгледа така по plump, значи ако порите се стесниле, влијае на колагенот и дермисот , нели мали бебиња сеуште кожата не им е оштетена од сонцето и порите им се стегнати, и на мали деца.
    Многу ми е убава соната, првиот пат ми се лупеше мнооогу околу носот и под усните на брадата, секогаш кога ми се суши кожата тој дел ми е најчувствителен. Ама сега, откако ми се навикна кожата, многу поубава ми е, тенот изедначен.
    А единствено што користам е од биодерма розевата линија лајт кремот кој не е комедоген, гел за миење, наутро крем за сонце на биодерма, вечер сона крем. Толку.
    Не дека треба ти од биодерма да користиш, едноставно било што не е комедогено, не содржи масла. Е сега во соната има во мал процент сквалан масло, ама не сум приметила да ми пречи воопшто.
     
    На cooll му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Minci13

    Minci13 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 април 2018
    Пораки:
    595
    Допаѓања:
    2.324
    Пол:
    Женски
    Mene Airolot mi go iscisti liceto :l:Steta sto go nema,a imam koristeno i sona,skinoren..Kaj sekoj e individualno,od sonata kaj mnogu ima pozitivni iskustva:D
     
    На Mr.Mary му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mr.Mary

    Mr.Mary Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2014
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    186
    Пол:
    Женски
    Те цитирав, дека овој од Авон нема баш добра формула, како и цела нивна козметика, и јас порано доста ги користев, додека не се растерав по интернет, ама добар им е маркетингот па човек се лаже. Не знам како и воопшто продаваат козметика, без да наведат состав, а состав не можеш да најдеш и на страната, многу нивни производи немаат состав наведено ни откако ќе ги купиш, на паковањето мислам.
    Затоа ти пишав, поарно од аптека или ете од децием или инкеј или како и да им беше името, ем поефтино ем дааааалеку подобра формула.
    Ова се се маркетинг трикови, демек ќе купиш нешто вау, уствари ти ги земаат парите само. Во повеќето случаи можат само да ти го унакажат лицето.
    Од Авон едино парфеми, нешто накит.
     
    На Zivyle и Minci13 им се допаѓа ова.
  13. GirlVolley

    GirlVolley Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.316
    Допаѓања:
    2.371
    Пол:
    Женски
    Kje moze da mi kazes za sto se koristi Airolot i sona krem? Mene posledniov period mnogu mi se otvorija porite na liceto... ne znam zosto
    Od vcera pocnav da go koristam serumot od Avon,toj so epruveta sto so 1,5% hijaluronska kiselina i stvarno ima pregolem efekt.. i toa samo 2 pati staviv.
    Vchera pred spienje i sabajle
     
  14. Minci13

    Minci13 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 април 2018
    Пораки:
    595
    Допаѓања:
    2.324
    Пол:
    Женски
    The ordinary,korejska i drogeriska kozmetika samo i koristam..Ama ke mi izleze nekoja reklama pa da se izlazam da naracam nesto hhaha..Nisto nemam koristeno osven karmincinja dve tri sto imam probano pa mislev da isprobam nesto dodeka sme vo karantin
     
    На Mr.Mary му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mr.Mary

    Mr.Mary Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2014
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    186
    Пол:
    Женски
    Хијалуронска киселина ти е само за хидратација, структурата и е како да речеме на пример четкичка од маскара, и „конците“ од таа четкичка во просторот меѓу нив ја привлекуваат водата и тој простор го исполнуваат со вода. Затоа велат привлекува вода незнам таму колку посто од својата тежина.
    Е сега што е интересното со хијалуронската киселина е тоа дека ако ја ставиш на површината на сува кожа, таа како соединение пак ќе си привлекува вода, и ако е сув воздухот, таа вода ќе ја најде од кожата- што во превод значи место хидратација на кожата, ќе ја исуши дополнително кожата.
    Затоа ќе го нанесуваш на влажна кожа, не мокра, туку влажна. На пример толку влажна кога би си го испрскала лицето со една или две прснувања од шишенце ( како оние полнети со вода во флизерски салон, хахахах не знам друго како да ти објаснам), значи само вода, ништо специјално, дека може ако е од оние спрејови во себе да содржат парфеми, дополнителна иритација ич не ти треба.
    Кога на влажна кожа ќе нанесеш хијалурон, сега ќе треба да ја спречиш водата од испарување со што ќе нанесеш крем што си го користиш на лице. Ова се , навлажнивање на кожата, ставање хијалурон и крем одозгора треба да биде се брзински, да не чекаш да се исуши, ништо не си направила.
    Ќе видиш и колку помалку крема за лице ќе ти треба, нешто колку зрно грашок ти е сосема доволно, може и многу ќе ти биде.
    Само така ќе ги имаш вистинските бенефити од хијалуронски серум, за што и впрочем е наменет, за хидратација на кожата.
     
  16. Mr.Mary

    Mr.Mary Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2014
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    186
    Пол:
    Женски
    И ова, кога вака ќе постапиш со кремче, хидрирана кожата убаво, ем ќе спречиш ефектот на сушење и лупеше од соната или аиролот, навечер откако ќе ја хидрираш кожата, ќе почекаш едно две три минути да легне кремчето и ќе нанесеш врз тоа сона крем, исто колку зрно грашок и те молам да го избегнуваш пределот околу очите, кожата е многу нежна, кај носот кај што се вцрвенува, на крајот од усните на ќошевите, за да не ти се лупи додека ти се навикне кожата.
    И онака кога се мачкаш после тоа активните супстанци се разнесуваат по кожата, секаде ќе си „фати“ активната супстанца.
     
  17. macence123***

    macence123*** Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2016
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    1.735
    Пол:
    Женски
    Да те поправам,кога немаш поим за авон те молам не коментирај негативно,бидејќи многу работи не ги знаеш,како на пример дека витаминот Ц во кремите и серумите за лице е измислен од авон,а потоа продаден на нивеа и останати козметички гиганти,состав имаш на секој производ за нега на лице,внатре во картонското кутивче на производот,како упатство за употрба на лек...кое очигледно не го ни читаш,а се правиш некој си експерт за нега на кожа со тоа што си прочитала нешто од некоја квази блогерка .
    За унаказување на лице кога правиме муабет,од секој производ имаш мостра,побарај ја,ќе ја добиеш и пробаш,која е гаранцијата за сите останати производи дека нема да ти го унаказат лицето?
    А за маркетинг трикови,баш Авон е фирма која има каталог со производи,ако ти се допаѓа нешто купи,ако не ти се допаѓа одмини и готово,нема потрба од плукање по определен бренд
     
    На rumcherry, *Amethyst* и GirlVolley им се допаѓа ова.
  18. GirlVolley

    GirlVolley Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.316
    Допаѓања:
    2.371
    Пол:
    Женски
    Izvini, ama nisto ne te sfativ :)
    Za tie dve kremi sto te prasav, sakav da mi kazes za sto se koristat...ama okay:)
    Serumot ne mi ja sushi voopsto kozata...ako mislish deka se dvoi i se pravi kako topcinja-voopsto ne e taka.
    Serumot e odlicen ima gusta struktura i otkako kje se nanese na liceto treba odma da se natapka na liceto, brzinski toa se da bide. Stavam i krem otposle,normalno. Jas zboruvam za toj od Avon deka sum zadovolna,drug nemam probano. Te prochitav pogore za Avon...sakam da ti kazham linijata Anew od Avon e medicinska i ima upatstvo vo kutijata:)
    I mene isto taka ne mi prija se od kaj niv, ama Anew e navistina odlichna i site firmi proizveduvaat dekorativna i medicinska kozmetika...ne znam sto si probala od Avon:)
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mr.Mary

    Mr.Mary Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2014
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    186
    Пол:
    Женски
    Па Нивеа и не ти е некој козметички гигант, ја на лице не би ги ставила, што ќе ми се масла и парфеми по лице?
    И зошто се и сешто да ставам на лице, пример мостра, ако во состав нешто не ми се допаѓа? Не разбирам... За да изберам прозивод за лице, треба се да пробам? Да видам дали ќе ми одговара? Не секогаш од штетни состојки се гледа веднаш резултатот, може да потрае, па за секоја крема или серум, треба да чекам да ми го унакаже лицето?
    А кога зборам за маркетинг трик, велам од типот на хијалуронска киселина ќе ти ги намали брчките за две недели?? Па тоа се приказни за мали деца. Така не функционираат тие работи. Ретиноиди не можат за две недели, камоли хијалурон, хахахахахаха. Или она, се продава по еден серум на секоја минута, секунда во светот, демек многу добар бил.
    Не те разбирам. И од какви квази блогерки јас тоа читам?
    И ај прати ми состав од фамозниот серум, не можев на интернет да најдам...
    И ако пишува медицинска козметика не значи дека е добра за лице и кожа... И Еуцерин се водат медицинска козметика, па во креми за сонце, и обични креми имаат денатуриран алкохол трет по ред во состав??? И што дека се водат како медицинска козметика?
     
  20. GirlVolley

    GirlVolley Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.316
    Допаѓања:
    2.371
    Пол:
    Женски
    Povtorno ne te razbiram nisto :)
    I nie znaeme na forumov deka vo princip se e marketing, ama pak nesto koristis,taka? Nesto sto ti odgovara na kozata, bez razlika od koja marka e.
    Ne znam sto ti e celta,jas za kremite ti sto gi preporaca te prasav i ne dobiv odgovor. Ne nametnav nisto kako ti,samo PRASAV i spodeliv moe iskustvo.
    Eve poveli upatstvo
     

    Прикачени фајлови: