Не, не и не. Ужасно чеша лицето на само пет минути држење, а камоли подолго. Ми излегоа ситни брунчиња, кожата ми се иритира. Само мирисот беше добар.
neznam zosto jas se sto koristam od avon me iritira.ako stavam pudro se isfrluvam maskara me pecat oci kremovi se isfrlam brunki sitni parfemite samo ne mi pravat problem i ne ja bas koristam ...
девојки мислење за кремава и маслово на Авон?! Исто и витамин Ц серумот од авон, дали ги имате користено, како сте задоволни? За "борба" со акни и флеки
Одлични се, предобри, исто и витамин Ц серумот, најубав од сите што сум ги пробала а имам пробано многу.
Не е секоја кожа иста, не одговара се секому. Ниту постои пак некој бренд што има совршенство од производи да одговараат на сите. Реално Авон има доста квалитетни производи секој да може да си дозволи нега. No hard feelings девојки
Јас го имам маслото, воопшто не ми се допадна. Кога го ставав на лице, како обична вода да ставам. За тие пари не вреди, може 100 пати поквалитетни работи да се купат
За витаминот Ц истото мислење подобро нешто не сум пробала. Distillery сеуште не сум ги пробала но со намера сум да ги нарачам па ќе кажам за резултат.
Важи, обавезно пиши впечатоци. Маслото инаку е чист екстракт од јобоба, содржи фитол и витамин Е, а поради начинот на продготвување сите состојки се дисперзирани и лесно се впива, а ноќната крема е со ниацинамид. Дневната не сум ја пробала сеуште, следно во план ми е гелот за миење лице да го нарачам.
Јас по свадба-тапани Има ефект онака на минимално потемнување да, ама да го напрскаш и да излезеш на сонце а јас мислев дека самото дава боја.. Реков да му дадам шанса па го напрскав пред некој ден излезена по фустанче по обврски низ град, уште ми се знаат прерамките се шокирав Но мирисот е навистина лош синтетички тоа му е маана..
е да мирисот не чини. Јас искрено нит им верувам нит им давам шанса на ваквите производи за самопотемнување
Devojki, moze sum nadvor od temata, no mi treba pomos kade da najdam od tie metalnite zakacalki za obetki kako na slikava. Ve pozdravuvam
Мене маслото многу убаво ми делува на кожата на лицето, поубаво масло не сум користела, пред спиење го чистам лицето убаво и на крај ставам многу малку од маслото, лицето ми го прави меко, мазно и чисто , многу сум задоволна, а кремите сеуште ги немам пробано ја фалат ноќната крема ,во скоро време ќе ја пробам.