Повеќето од моите козметички работи се од Авон,и презадоволна сум.Нешто последно што си нарачав од авон е Royal Jelly Face Cream и за неколку дена речиси ми го исчисти лицето.А инаку сјајчиња,парфеми,шампони многу работи имам земено од таму
Го има ли некој користено Little Gold Dress? Јас го имам little black dress и многу сум задоволна па затоа ке го порачам сигурно ке ми се допадне
јас ја имам коритено и многу е убава ама мана и е што многу брзо се суши а уште поубава од неа е таа со лилаво долу во 3 чекори
Девојки, јас од авон имам маска за лице против митесери (црнки) и сум многу задоволна од неа Ја порачав од авон ја најдов во каталог и чини 250 денари и е црна по боја се нанесува и се остава да делува околу 15 мин ама стварно кој имат проблем со црнките на Т-зоната може мн да му помогне Јас сум мн задоволна пробајте нема да згрешите... кисс
олади,претходно се правеше муабет дека планет спа ке бидат во следниот каталог 2 за 500,3 за 600,ми падна чудно мислев некој да не има инфо во стил дека ке ја има во следниот,има тука зачленети и многу поинформирани од тебе,затоа инаку некој користел лакови за нокти од авон? намалени се на 159, ме интересира да не се лупат многу брзо како пазарскиве,па да дадам 5 пати повеке пари за џабе
^ Јас сум многу задоволна од лаковите на Авон, долго траат,убаво рамномерно се нанесуваат,кај посветлите бои со две нанесувања се добива интензитетот на бојата што е покажан на сликата,кај потемните со еден слој.
Сеа незнам дал е до мене ил до лаковите,ама не ми траат мене. Искрено,за таја цена има доста поквалитетни лакови,кога давам 200 ќе дадам уште 100 и за 300 ќе купам лак,што стварно ќе вреди. Пак ќе кажам,не се толку лоши,ама скапи се,мене ми се лупат за два три дена максимум,а 200 ден за лак за 2 дена едвај?Извини,ама немогуќе. Епа сигурно нема да чекам да падне и последната точка за да го мењам после 12 дена. ко што пишва во каталогот,демек трае 12 дена,аха сигурно,ако ги чуваш во стаклена кугла да,ама луѓе миеме садови,миеме раце што е неодходно,се бањаш и се останато.
Јас имам дома некој 15 лака од Авон (лакчиња ептен ми е слабост и ако ми дојде под рака каталог неможам да одолеам и порачувам) и можам да ти кажам дека не постои некој стандард на квалитет, имам лакови кои на вториот ден пукаат не само на врвот, туку по целата должина, а имам и лакови кои траат се додека не ги избришам. Нешто што е заедничко за сите нив е што не го бојат ноктот поморанџесто и не го сушат.
Мислам дека можеш да се зачлениш,оди кај нив на страната и провери за сигурно,ама мислам дека треба да однесеш после кај нив копија од лична карта.
да можиш преку интернет да се зачлениш... еве ја страницата... Спојлер http://avon.mk/kontakt.htm јас се зачленив преку ова ама ке чекаш 1-2 месеци за да ти се јават... а најбрза опција за да се зачлениш ти е преку некој што е координатор во авон.. така најбрзо се зачленува...
Во тековниот каталог на Авон комплет на Планет спа со маслиново масло е 599ден, 3 од 4 производи да избереш. Јас ги порачав маската за коса, крем за тело и пилингот за тело. Ги немам претходно користено, па ме интересираше како сте задоволни од нив, посебно маската за коса дали е добра.
Ако има некој зачленет во Авон ако можи да ми објасни во ЛП за зачленувањето како одат процедурите.. и дали да почнам ако немам многу луѓе на кој можам да му понудам?
Девојки ,некоја од вас го пробала освежителниот и ублажувачки крем за лице од Натуралс Хербал 20+ што е,да ми каже каков е ? од кампања 17,односно тековниот каталог Благодарам однапред