Може некоја која го има наредниот каталог да ми каже Luck парфемот која му е цената? И слика ако може
Малку задоцнето, можеби веќе си купила, ама ако не ти се чека од The Ordinary, имаш сличен хијалуронски серум од Revox за 319 денари.
Дали некоја девојка го има овој тример да сподели искуство? Дали е добар за лицето и дали вреди за парите?
Не верувам дека баш за бикини зона ќе е, бидејќи таму влакненцата се поцврсти. И не ми се допаѓа што е на батерии.
Не ми треба за бикини зона, за лицето ми треба бидејќи имам како peach fuzz или што го викаат мов. На интима само шеќерна.
Некој да има инфо дали кремот за раце што беше во претходниот каталог во новогодишна амбалажа(розов, со огномет и подароци) од авокадо, и тој што е стандардат од авокадо, исто мирисаат? Значи перверзија е, а и гледам дека е добар, и сега се пцујам што не порачав барем уште еден кога веќе ми рекоа да ми порачаат. Или некој ако сака да провери случајно во наредниот да не го има повторно?
Се канам да ја земам ама бидејќи е новитет ми е страв дека ќе е крш. Ја има некоја досега користено? Не се многу пари али би можела и за некоја друга крема да ги употребам. Искуства?
Јас имав масло од канабис Сатива ама од револушн и го фрлив. Лицето катастрофа ми беше. Може не се истите состојки ама сепак...
Јас имам нормална - сува кожа и ја зедов дневната крема. Ја користам еден месец и засега само позитивно искуство. Брзо се впива, не е леплива како што ми биле други од Авон. Ако имаш користено и други од Авон оваа е многу, многу подобра според мене. А види и на претходните страни некој друг имаше пишувано.