Здраво, пред некое време прашав за кремот од канабис, го порачав и дефинитивно ги фрлив парите. Првите 2-3 дена бев презадоволна, ми изгледаше прехидратантен во однос на структурата, а сега при секое мачкање ме печат очите и кожата ми е исушена. Не го препорачувам. Маслото ми е употребено еднаш, ми изгледа добро.
Не е тоа зачленување, тоа е како акаунт на било која интернет страна, си правиш нарачка, си плаќаш онлајн и ти стига на домашна адреса...
Дали ако се зачленам на линкот поназад ќе треба редовно да правам нарачки или има некоја сума што треба да се исполни и сл? Не сакам после да ми се јавуваат и сл.
Нарачка си правиш кога сакаш, колку сакаш, ако направиш одредена сума имаш гратис достава... Немаш никакви обврски... ☺️
Јас порачувам месеци минат помеѓу нарачките. Само за себе порачувам. Порачката преку 1200 ден носи 15 посто попуст. Поголеми суми поголем попуст. Под 1200 нема попуст туку се каталошки цени. Овака преку форум ме зачлени една девојка пред неколку години, и ми се исплати, кога посакам нешто порачам, платам преку фактура, сега гледам и при достава има плаќањето. Не ми текнува дека беше порано. Никој не ме контактира за ништо. Во почетокот јас неа ја контактирав, тука на форумов, кога сакав нешто да прашам, ама јасно кажав од старт дека не сакам да работам со Авон туку за себе и беше се ок, без притисок.
Не е зачленување туку се регистрираш како клиент, немаш никаква обврска кон Авон да правиш секој месец порачка ниту па да продаваш, опцијата се вика Self Appointment. Јас работам во канцеларија на Авон и ако сакаш можам да ти објаснам подетално за се што и како оди.
Прв пат кога ќе се регистрираш како клиент имаш бесплатна испорака на домашна адреса. Инаку се плаќа 99 денари.
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSf1RXGKCBhcaGdCy6VXoKel0g7nzaXkCihy5VFFo1tH4kUDTA/viewform Регистрирај се на линкот, утре ке те контактира некој од авон, ке си нарачуваш кога и колку сакаш... Позз
Овој линк што го пушташ цело време е за претставник, има разлика и немој да им правиш забуни на луѓето. Затоа птоа се бунат Self Appointments дека ги регистрираат како претставници.