Јас сум задоволна од него. Лесен е и брзо се упива во кожата а цената му е одлична Би ти препорачала да го пробаш, па и да не ти одговара да не ти е криво
Одлични се - пигментирани се, бојата долго трае и не ја сушат усната Туку јас малку да се пожалам - на кремовите од Naturals колекцијата им ја намалиле тежината а им ја оставиле старата цена Од кога е ова вака? Нешто најново?
Јас не приметив дека се намалени,ама не ме чуди зошто и спрејчињата ги намалија на 100 мл.,а беа 150мл.
Даааа добро ме потсети, и спрејчињата ги намалија во тежина а кремовите од 150 мл, сега се 75. Следен пат ќе отворам очи и ќе обрнам дооообро внимание пред да порачам :geek:
Ако сакаш да постигнеш таков ефект, можеш да си купиш бела седефна сенка за очи. Ќе го добиеш истиот ефект (иако верувам дека ќе биде и подобар ефектот) со многу помала количина при нанесување, ќе има двојна намена, а со тоа и ќе заштедиш.
објавен е веќе,ама од кога почнува незнам...на страната каде што е поставен пишува дека е од 23ти декември,а на самиот каталог пишува дека почнува од 02.01.2014
Која маска за коса е подобра Планет спа или онаа со мароканско арганово масло , за да немам толку многу суви и испукани врвови и да не ми ја сплескува, јас само на врвовите ја ставам ама некогаш од маската побргу се мрси. Има некој искуство ?
Со мароканско арганово масло е подобра. Подобро делува и ги штити врвовите од испукување,ако не сакаш да имаш мрсен скалп,ставај ја сама на врвовите.
Па да користам козметика од Авон, моментално имам маскара Spectra Lash Mascara, имам креонче Avon - blackest black и уште едно креонче кое е двобојно Avon - Color trend - silver star/pitch black.
Од Авон имам и препаративна и декоративна козметика. Ги обожавам спрејчињата(иако мн ми е жал што ги смалија ). Имам и крема за раце која ми се допаѓа,си порачав уште една,како и крема за лице со мирис на какао(убави ми се видоа во каталогот,останува да видиме какви ке бидат "во живо" ). Oд декоративна имам неколку сјајчиња ама искрено,има поефтини,а поарни. Имам и сенки од Colourtrend ама не ми се нешто посебни,некако темно виолетовата не е баш пигментирана. И моливчето,тоа двостраното ама ми солзат очите И ја пробав маскарата,таа новата,розевата и ептен ми се допадна,планирав да ја порачам ама ја немаше во овој каталог. Ај може во следниот Се на се,добри се. И заборавив да пишам дека имам и неколку кармини, тие од Colourtrend се добри,кремави,ама прилично јаки бои. Тие од авон се поскапи(бајаги) ама добри.
Досега ништо не ми се погодило освен моливот со светки. Шампон, капки, лак, кармин - катастрофа ! Никогаш веќе не порачувам од таму. За тие пари има подобри, а и цените во нешто претеруваат. Лукс кармините скапи а не вредат ни за 5 денара , за тие пари Буржуа ќе си земев, барем трајни се