Ги имам двете и презадоволна сум. Повеќе го користам тоа со златниот хајлајтер, не ми текнува како се вика. Пигментирани се, па со полесна рака треба да се нанесува. Цената во овој каталог мислам дека е одлична.
@Matea^_^ licno jas kako pretstavnik na Avon mnogu cesto mi go poracuvaat, iskreno ne sum go koristela no e zimam proizvod a cenata sekako e pristojna...
Јас бев задоволна од лосионите за лице на avon care, едното што го користев беше од овес, не знам дали уште го има, а после тоа го пробав и ова за хидратација, убаво е.
Дали некоја го има користено овој истражувач и лосион за лице? Навистина е добар.На почетокот кога започнав да го користам како да беше погуст,а сега кога го протресувам имам чувство како да станува водест.Дали некоја се соочила со ова?
Само со нарачка. Но можеш да се зачлениш сама, без да си зависна од продавање или купување за одредена сума. Јас пр нарачувам еднаш на 3 месеци. Имаше некаде поназад линк како да се зачлениш. Не би ти препорачала да одиш преку некого бидејќи ќе те замараат после цело време со промоции, понуди и сл.
Zdravo Avonki primerivte li nekolku meseci go nema sjajot za usni so efekt na peckanje na usta? Sekoj nov katalog prelistuvam go nema, da ne znaae nekoja kje go ima li voopsto?
Го користам путерот за тело со светкички од Авон. Оние на Spa што се колекцијата. Тој Преубав ми е. Друго баш и не ми се допаѓа.
Дали некој ја има користено пудрата Avon Flawless? Ме интересира дали е доволно мат и дали е покривна пудра или полесна. Во потрага сум по пудра што е доста покривна за да покрие црвенило/брунки.
Ја имам користено одамна, не беше тогаш во ваква амбалажа, па не знам дали е смената формулата, ама не би требало многу да се разликува. Мат е, не е многу покривна и делува природно на лицето. Може да ти покрие црвенило во комбинација со коректор.
Ај мала помош околу изборот на машките гелови. Кој е најдобар според вас. Јас лично се мислам измеѓу Avon Man и Wild Country кафениот.