За маскара, од марк белата ми е топ мене не знам дали ја има уште. А туш,катастрофа ми се покажале мене
Задоволна сум од аура како пенкало што е цртач и многу е траен и лесно се аплицира, околу 260 ден мислам беше.
Јас имам туш од авон, кафена боја и ми е преубав, долго време го имам и не се суши. Маскарите Марк ми се катастрофа, многу ми ги слепуваат трпките и многу тешко се вадат. Oва е тушот, а од едната страна брише. А од овие маскари сум задоволна
Дали користите од кремите и серумот со Protinol на Авон? Како сте задоволни од овој по lux Avon skincare? Посебно ме занима двојната крема за околу очи. И општо за серумите, тониците и кремите.
Дали некој знае дали ќе го има карминот нијанса wink of pink (mark линијата) или ако има соодветна замена за оваа нијанса
Има ли некој со декемвриски каталог, да ми каже ги има ли млеката за тело инспирирани од парфемите (Little black dress, Perceive, Pur Blanca) и ако да - која им е цената, да ми пише во приватна порака?
Искуство со овој крем? Мислам дека го имам користено пред повеќе од 7години и не се сеќавам дали ми беше ок или не. Сега барам мат крема со спф за во зима што мислам дека спф30 е задоволително за овој период. Уште да слушнам искуство некое дека е мат.
Зошто нема маскари? Освен две кои одат во пакет со други работи, не можам да најдам маскара. И искуство со серумот и кремата?
Серумот и кремата ги имав и скоро 3 месеци ги користев исклучиво во комбинација, сега не, а се преубави, ти ги препорачувам без сомнение.
Ja se zacleniv radi serimov se navlekov na nego, generalno skeptik bev ama mn dobra ponuda imaa i go koristam. Osven ovaa krema so vit c drugi mi pravea brakeouts. Ti go preporacuvam da go probash, sekako deka sekoe lice e razlicno
Повели? Инаку пред да нарачам, да не лупнам пари за џабе, дали се ОК овие производи? Искуство? Првиот за густина? И кои лакови за нокти се нај квалитетни и нај долготрајни?