1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Авон и нивната козметика

Дискусија во 'Лице' започната од lovely-girl, 15 февруари 2012.

  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    За кремот да.
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  2. resenska

    resenska Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    14.238
    Пол:
    Женски
    Fala ti, vekje srediv pozz
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Anod10

    Anod10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2017
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Искуства за кремата со канабис и спф 30? Дали е масна и дали би одговарала на комбинирана кожа?
     
    На Avon Skopje му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.300
    Допаѓања:
    2.582
    Mark by Avon Liquid Lip Lacquer Matte and Shine review and swatches 1.jpg
    Ги нема веќе овие мат сјаеви?
     
  5. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.691
    Допаѓања:
    2.828
    За оние кои прават/правеле нарачки: Ги видовте/прочитавте ли новите правила, кои стапуваат на сила од јануари 2023? Мислам дека многу соработници ќе ја прекинат соработката со Авон. Јас тргнувам од себе. Треба да се плаќа 150 денари за некаква си „обработка на податоци“. Кај е тука ќарот? Башка, попустот веќе има многу висока граница, треба да се окозиш од нарачки за да добиеш 100 денари ќар. Многу лошо. Јас разбирам дека економска криза е, и сѐ, ама некако, хм... Претерале со новите правила. Ќе речат дека е супер новитетов за оние кои прават големи нарачки, ама колку се тие? Веќе, пример, никад нема да нарачам нешто за подарок од Авон, оти ќе треба да платам 150 денари за обработка на податоци + достава и + ќе немам никаков ќар, како консултант.
    Лошо.
     
    На OmniaVanitas, Mrs. right и Hortenzija им се допаѓа ова.
  6. Hortenzija

    Hortenzija Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2019
    Пораки:
    1.601
    Допаѓања:
    14.900
    Пол:
    Женски
    Затоа реално се откажав веќе а бев 10 год претставник... Секоја кампања се нешто се измислува се качува лимит за порачка за поголем попуст со еден збор не е ни приближно тоа што беше...
     
    На OmniaVanitas, Mrs. right, Dandra4 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.691
    Допаѓања:
    2.828

    Не знам кој има ќар, ваљда само менаџерите што имаат под нив десетици кои продаваат. Овака, посебно, ништо нема заработка.
     
    На Mrs. right, Dandra4 и Hortenzija им се допаѓа ова.
  8. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    3.817
    Пол:
    Женски
    Многу поскапени сите работи ми се некако...
     
    На Mrs. right, theunforgiven, Hortenzija и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Norah Jones

    Norah Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    1.070
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    Дали некој знае да ми објасни како се користи сунѓерот со јаглен?
     
  10. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.691
    Допаѓања:
    2.828
    Ептен!
     
    На Youknow и Hortenzija им се допаѓа ова.
  11. Karm3en

    Karm3en Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2022
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    128
    Пол:
    Женски
    Да си кажам свое мисленје
    Реално одамна не порачувам ништо ни од Авон ни од Орифламе. Како прво на пазарот имаме секакви брендови што ни се достапни во секое време, друго имаме тестер да си го пробаме производот пред да го купиме.
    Последно што порачав од Авон беше новата серум пудра што беше доста фалена а мене не ми се допадна. Порачав нијанса што бев убедена дека ке ми одговара а излезе 3 пати посветла од мојот тен и башка што после 2 саата ми беше соберена низ линии и на носот веќе немав ни П од пудра. За 400 денари имаме пудри што се 5 пат потрајни од оваа.
     
    На Youknow, Mrs. right, theunforgiven и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.691
    Допаѓања:
    2.828

    Исто и јас не ја гледам поентата од каталошко купување, кога веќе сето тоа е достапно и онака, по продавници. Секако, не истите продукти, ама па не се нешто посебно. На тепка така само да се купува, да се трошат пари... Без веза ми е. Ај, до сега некако океј, ама сега, како покачија цени и променија правила за нарачки - нема шанси да нарачувам. А верувам дека и општо ќе им падне рејтингот. Не е тоа што беше, башка порано поинтересно им беше на луѓето да листаат каталози и да купуваат така.
     
    На Mrs. right, Karm3en и Hortenzija им се допаѓа ова.
  13. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.238
    Допаѓања:
    12.869
    Пол:
    Женски
    Се испозанесоа ауу и Орифлејм исти се може и бетер.
    Имам навика еднаш месечно отварам да разгледам каталог од Орифлејм и се шокирав од цените, :oмислам дека се поскапи од Авон и тоа не малце.
    А и башка се крајно безобразни Орифлејм, бев зачленета и таму и имав порачка но од оправдани причини бев спречена да ја подигнам, им пишав мејл да се откаже и не можело...:|
    Па и ај океј тоа него уште ми го блокираа профилот да не можам више да порачувам...(facepalm)
    Ама тие губат, ми е гајле мене.

    Реално не ни имаат којзнае каков квалитет ни едните ни другите.
    А па за овие цени сега, што им се до плафон па ич.Јас лично сум зачленета во Авон за да нарачувам само за свои потреби, не работам со нив и реално ни вака не ми се исплати.
    Доставата покачена исто, попуст минимален колку да се рече ама ако напраиш поголема порачка, плус за каргото и што си видел од попустот?
    Ништо.После ми текна дека може и у пошта да се подига пакетот и два пати така земав, прво 30 денари после глеам 40 качиле за услугата.
    Ама добро и онака ја дали еднаш до два пати годишно порачувам.
    Не се како порано добро викате, ништо не е исто, ни квалитетот, а и условите им се никакви.Тапа станале.:|
    И со право нека губат клиенти кога се безобразни ако им е.
    Од парфемите два-три се само горе доле океј и по нешто од шминки има така солидно друго ништо.
    Порачав и од геловите за туширање, се разочарав ни мирис некој убав нити текстура.
    Абе порано ќејфои беше да земеш да разгледуваш каталог што викаш, сега се толку монотони, неиновативни, ужас.
    И се едно те исто се врти со месеци.

    Каква е таа обработка на податоци?
    Зашто направив порачка месецов и немав додатни трошоци освен за порачката и доставата.
    Или тоа важи само за тие што работат со нив?
     
    На theunforgiven и Hortenzija им се допаѓа ова.
  14. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.691
    Допаѓања:
    2.828

    Така имам прочитано некаде јас, дека од јануари се менуваат нештата, меѓу кои и тоа - доплата за обработка на податоци, поскапена достава и што ти ја знам. Во една реченица срочено: више не нарачувам од таму.
     
    На Hortenzija и Mrs. right им се допаѓа ова.
  15. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.238
    Допаѓања:
    12.869
    Пол:
    Женски
    Најпаметно, нема што да се замараме со нив.
    Ако ни треба конкретно некој производ ќе се најде некој ќе порачаме преку него.Стварно нема поента за еден парфем или било што друго да се поминува низ триста процедури, a и реално не се ни исплати.
     
    На Hortenzija и theunforgiven им се допаѓа ова.
  16. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.691
    Допаѓања:
    2.828

    Жалосно е тоа што, наместо да се упростуваат, нештата се усложнуваат.
     
    На Hortenzija и Mrs. right им се допаѓа ова.
  17. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.238
    Допаѓања:
    12.869
    Пол:
    Женски
    Е зошто да биде просто кога може да биде сложено?:D
    Како и да е, разочарување големо се.
    Уште ова да прашам, дали имаш искуство со неподигање пратка од Авон?
    Дали се исти ѓубриња како Орифлејм да те замараат по смс за неплатен долг за нешто кое не си го земал и дали има некакви последеци?
    Дотичните од Орифлејм за казна ти го блокираат профилот и немаш веќе никаков пристап.
    До толку да се без никакво разбирање, срамота.
    Не дека од ќејф тогаш нејкев да не подигнам, баш напротив имав мерак да ги земам работите ама ете стварно не бев во можност.
     
    Последна измена: 16 јануари 2023
    На theunforgiven му/ѝ се допаѓа ова.
  18. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.691
    Допаѓања:
    2.828

    Не, сум немал такво искуство. Единствено јас не сум имал време одма дента да ја подигнам пратката од каргото (додека работеа со карго DelCo) и тој од таму ме ДАВЕШЕ буквално, не знаев главата кај ми е, ко да морам и можам одма да отидам да си ја земам кутијата, ко да не постои друг ден. Ама тој си беше таков човек, по природа.

    Не ме чуди што правеле така, а ниту за Орифлеим не ме чуди. Јас се имав регистрирано онлајн и не ми испратија ништо за потврда, дигнав раце одма. Сакаат само да нарачуваш ко луд, за другото не ги интересира. Тие главните менаџери и што и да се - си земаат бодови и проценти на твој грб слава прават, се шеткаат, добиваат гратиси. Ние, обичните „смртници“ - нарачувај, греби и мирисај D;
     
    На Mrs. right му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Astrum.Obtutus

    Astrum.Obtutus Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    459
    Пол:
    Женски
    Најмногу порачував парфеми од тука, но бидејќи цело време вадат нови и тие што ми се допаѓаат ги укинуваат и веќе не порачувам скоро година. Тие досадните ги оставаат (слатки цветни слатки цветни аман) а другите што им се подобри ги укинуваат. Истото е и за другите производи лимитирани колекции цело време и нови производи по 20 па аутлет на истите секој месец те едно исто та исто.
     
    На Hortenzija, Lollipop_123 и Brpbrp им се допаѓа ова.
  20. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Колку што забележав во нарачката немаше ништо такво обработка на податоци. Само ми се намали поштарината на 20 денари дека сум влегла во златна. И загарантиран попуст имам. Али имаат премногу глупи акции,ќарот речиси и даго нема, вадат нови мириси и сите се слични едни на други и други работи. Па и менаџерите се за нигде особено за Скопје.
     
    На Astrum.Obtutus, theunforgiven и Hortenzija им се допаѓа ова.