Ги користам перлите бронзени, и четката за нанесување на истите. Многу го сакам млекото за тело од калинка ама го нема нешто, има само спреј од калинка
дали некој ја користи маскарата мега ефектс!!? сакам да си ја порачам ама прво ме интересира дали е добра да не фрлам така пари
Јас користам многу работи од авон и сум задоволна Користам маскара супер шок црната,гел крем за туширање од камилица,третман за зацврстување на ноктите,лак за цврсти нокти со сјај на бисер(розов) ,гел за интимна нега ( сега се нови ама пак ќе порачам ,се надевам дека се со ист квалитет),крем за раце со глицерин,спрејче од калинка,сјај за уста од јојоба и.т.н... Може да се рече дека сум зависник од авон Многу сакам да си ја порачам спорт лајт тоалетната вода ,ама скапичка ми е ќе ја чекам на екстра попуст,како и маскарата розова со мега ефект
Ми се чини сега е намалена тоалетната вода спот лајт на 859 во новиот каталог а екстра попуст на неа потешко и јас чекам неколку месеци ама абер нема Преубаво мириса и предолго трае ...
Ја имаше тоалетната вода Spotlight за 159 ден. во комплет со креми од Planet Spa ,со порачка од 2400 ден. можеше да се земе комплетов.Јас го земав за другарка.
Од козметиката на Авон сум презадоволна..често порачувам и никогаш ниту еден нивни производ не ме разочарал..
Да се пофалам дека ијас го порачав комплетот но за мене Дека ефтино а имав нарачка од 2400 многу се исплати тоа што ја има и тоалетната вода за таа цена
Дефинитивно омилени со достапни цени и квалитетни производи! Имам нарачувано многу пати ташни и бижутерија и сум ептен задоволна. Стварно се квалитетни. Накратко, јас сум подвижна реклама за Авон! Презадоволна.
Исто! Од што 70% од цела козметика ми е од Авон другаркиве до пред некое време мислеа дека сум дистрибутерка (а не сум)
Јас често порачувам од Авон и од некои нивни производи сум мнооогу задоволна ,а од некои се разочарам. Сакав да ве прашам драги мои феминки можеби некоја од вас ги има користено овој коректор или пудрата од Авон,немам доволно соберено пари да си ги порачам и двете.Па добро би ми дошол некој совет за нив,побрзо да одлучам
Можеби ќе сум офф топик, ама ме интересира како можам веднаш да се зачленам и да почнам со порачки? Кај има претставништво тука во Скопје? Некој што е запознаен нека ми пише лп.
Порачав комплет за 299ден за чистење на мозолчиња од овој последниот каталог мислам се викаше cleanskin па сакав да прашам дали има некој користено и какво искуство има? Дали има позитивни резултати?
коректоров не сум го користела, а пудра камена имам купено 2 пати и сум доста задоволна убава ми е на лицето. оваа
Пред два месеци купив креми и тоник за лице од Авон за акните.. Имав лошо искуство со нив цело лице ми беше како рапаво и незнам шо беше то како поткожни кеугчиња да имав.. И то каква несреќа 3 дена пред нова година Лицето ми се смири за 2-3 недели, ама праев некој домашни третмани.. Повеќе не ги користам и не ни помислувам повеќе на нив.
Има ли некоја феминка да ми ги пише попустите од колку до колку беа 15%, 20% и 25%. Колку требаше да направам порачка за да добијам попуст? Ги барав на страната ама неможам да ги најдам.
Мајка ми ја користи и нема некоја јака покривност.Онака,ко крема да ставаш,повеќе е за чисто лице и за преку ден.Многу ми беше чудна зошто е доста течна,и се губи некако.Кетрин Арли повеќе покрива од нејзе .Сеа зависи,може на мајка ми на кожата не и одговара,иначе има нормална кожа,ни мрсна,ни сува...