Исто тука и во Германнија јас работам со авон , и кајј нас е све скоро поскапено .искрено веќе сум на пат да се откажам бидејќи минататта година имав скор од секоја нарачка добра заработувачка месечно нее бев испод 200€ сега хаос е.
Ја нарачувам сама онлине, не преку претставник. И веќе со месеци неам нарачка, освен ептен ако ми треба парфем да испробам
Не се исплати ама ич вака редовно да се порачува. И ја исто вака нарачував ама неколку пати во годината ако ми фати око нешто. Сеа сакам нареден месец парфемот Far away Beyond the Moon да го зеам, глеам у комплет со лосион е 800 и нешто. Плус трошоци за испорака, плус за она обработка на податоци па и каталозите што ги пуштаа ги наплаќаат бе. Не знам дали ќе се исплати вака или пак да барам преку некој да порачам ама ќе ми го наплати како од брошура, а ова е од фокусот. Земав мостра од мирисот и ми се засвиѓа ептен, а и траен ко да е ми личи, на облека посебно. Од Авон мирис да се осеќа толку долго ми се нема десено.
Ќе се сложам за се освен за парфемов. Целата far away линија ми е ужасно лоша. Ретко парфеми да ми пречат како овие. А ги имам сите пробано преку мостри
Мене ми е цела линија одвратна освен овој шо го кажав и Beyond оригиналниот. Другите, поодвратни здравје. Најружен дефинитивно Royale, погаден и од тој основниот дури па и тој Glamour. Никакви ми се. Тешки се некако, загушливи. А си го пробала? Со оглед на тоа што е летен, посвежо мириса или сепак не?
Го порачав кога излезе како мало тестерче и не ми го доставија. Односно ми стигне само празно хартиено ливче а немаше залепено од тие малите тестерчиња Сега ми текна, far away aurora го имав мириснато во каталог со гребење и ми се допадна. Ќе го видам него, он е според фрагрантика со посвежи ноти плус ванила.
Да, и тој да речам поокеј е за разлика од овие грозниве, и од него имав мостри ама пак ми е мех зашо ја има таа препознатлива мирисна нота што е карактеристична за оваа линија и тоа ме нервира па не знам дали би го користела, ќе ми здосади одма. Ете Бејонд се јаки да речеме ама ми се свиѓаат, не ми се ко останатите. Баш ме интересира како мириса, се надевам дека се разликува од овие тешкиве мириси. Ама ако е полесен, трајност сигурно 0 ќе има.
Достава е 240ден. Не мораш да имаш претставник, можеш сама да се зачлениш. Е сега е веќе се поскапено, ама ако нарачуваш повеќе работи би ти се исплатело.
Ова ако ти стига на домашна адреса, така? Ја од пошта подигам и мислам околу 160 ден кошта, а беше 30-40. 240 е претеризам.
Дада за домашна адреса. Не ни знаев дека има опција за од пошта, ќе побарам и ја да сменам. Бидејќи стварно многу ме фаќа
Има. Више не ми текнува на домашна адреса да пишам да ми стига. И вака не се исплати, не па така. Еднаш или два пати мислам само дома ми стигна, после тоа у пошта одбирам. Порано памтам таа цена 150-160 ден. беше дома да ти ја донесат, колку се искурчија ненормални, мислиш од Зара пратка е па толкава достава. Ќе видиш која пошта ти е најблиску, у таа ќе ти стига, и на датумот кој е наведен дека треба да стигне, идеш, плаќаш и ја зимаш. А рок имаш за подигање една недела, после ја враќаат.
Ми треба совет од некој што повеќе се разбира. Нарачав путер за тело и добив путер со гратис мувла во него. И смрди на расипано. Има ли начин да го вратам некако? Да направам рекламација. Или да го заменат? Не е скап ама стварно ми беше мерак.
Пиши им, ваљда имаат грижа за корисници, треба да им го вратиш штом е неисправен прозводот. Или пак да пишеш на таа менаџерката што е, не знам дали е истата, на мејл ми враќала коа и да прашувам нешто, би требало да те упатат кај да се обратиш па и нов производ да ти пратат.
Искрено да ти кажам јас работам со авон долго време и овие лосиониве врска немаат само мирисаш убаво да кажеме ама па за мирисање ако ти е подобро да земеш од лосионите што одат со парфеми. Единствено само ова е добро ама не мириса никако од истово само лосион. Ако ти треба за мазна кожа и убав здрав изглед на кожата само Нивеа овој производ во дм ти е 400мл 455 денари мислам.