Здраво. Со години го користам маслото на Авон но последната година никако го нема во брошура. Ми треба баш оваа со светките. Нарачав пред некој месец али немаше светки. Некој што работи со Авон, да не го има на залиха? Ќе земам 2. Exchange and glow да пишува. Фала.
Ја не знам освен баби и стари жени кој купува од Авон, особено шмики. Па цените им се исти, па и поскапи од Мејбилајн, а квалитет нула. Или оние кинески ташни и сатови на Али и Тему по три евра што се. Ај коа бевме девојчиња интересно ни беше, а и стварно беа евтини оти и немавме толку избор по продавници пред Дм да дојде. Едино парфемите што им вредат, ја користам Литл блек дрес еве веќе десет години само за на работа, и нема некој кој не ми дал комплимент. Сум барала скапа копија, нема. И оној Мезмерајс беше добар за дејт и секси тајм,али го прекинаа. Класичен млм. Ојте у Дм, не фрлајте пари на глупости.
А уште ли постојат? Сите што ги знам што правеа нарачки не работат тоа, се мислев дека не постојат повеќе. Навистина како некој што пиша погоре, сега има премногу избор за да се вртиме на истите. Кога бев средношколка ни беше ептен интересно да порачаш и чекаш додека стигне. Сега има многу подобри за истите пари, дури и поефтини. Во тоа време пудрите беа над 500 ден што и не беше ефтино за тој период. Лаковите исто беа поскапи ама ништо посебно.
Не се исплати да купуваш од Авон. Во ДМ ќе купиш поевтино. Јас последен пат порачував од Авон пред 7 години.
И јас со години немав нарачувано , но имаа еден крем за лице и тело убав тоа само знам дека остана убав производ
Работи ли некој сеуште со авон, немав правено нарачки 2-3 месеци и сега направив ама не ми дава никаков попуст, и испораката плус качена, што се случува дали некој знае?