Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Авон и нивната козметика

Дискусија во 'Лице' започната од lovely-girl, 15 февруари 2012.

  1. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Јас ја користам моментално и пудрата е како бб крем, иако гласи како една од најпокривните пудри на Авон. Значи лесна е, лесно се размачкува, за траење трае, ама нема покривност, средна да речеме, слаба сепак. Значи лицето изгледа навистина свежо и природно, но ако не ставиш ни коректор, црвенилата, мозолчињата, бемките - не се покриваат баш. Дава некој сјај и изедначен тен, натурал лук шо викаме.
    Едно нешто да знаете за сите пудри на Авон, пошто јас сите ги имам пробано, никоја не е со јака покривност, ама никоја. Бар според мене, на моето лице ете таков впечаток ми оставиле.
    Е за камените па само пофалби, ама не е тоа за дискусија сега.
     
    На makedonkamak и manja666 им се допаѓа ова.
  2. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.001
    Пол:
    Женски
    anuskaNESTLE се сложувам со тебе, ниедна пудра на Aвон не е со посебен квалитет, нема покривана моќ, на изглед обична крема за лице, текстурата е водеста-со еден збор никакви и нигде. се е само реклама ништо повеќе, не се баш евтини, по цена и за тие пари што ке ги дадеш , па и да доплатиш 100-200 денари плус можеш да си купиш некоја пудра од познативе брендови.
     
    На anuskaNESTLE и bubamara12345 им се допаѓа ова.
  3. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    За 15% ти треба најмалку 1500 денари.
    За 20% најмалку се 3500 денари.
    А за 25% најмалку 5500.
     
    На Veki4kaa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. EMoonlight

    EMoonlight Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    13.815
    Пол:
    Женски
    Девојки,ги користела ли некоја од вас спрејчињата од Planet Spa на последните страници што се во новиот каталог на Авон ? :)
    Едниот е од лаванда за релаксирање,другиот од јасмин парфимиран спреј. Ако имала некоја искуство со нив,нека пише. :)
     
  5. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.025
    Допаѓања:
    36.078
    Пол:
    Женски
    Јас го имам користено парфимираниот спреј од јасмин.Го добив на подарок со гел за туширање.Со него ја прскав постелнината.Мирисот е траен и нема потреба да се нанесува секоја вечер.
     
    На EMoonlight му/ѝ се допаѓа ова.
  6. EMoonlight

    EMoonlight Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    13.815
    Пол:
    Женски
    Кажи ми Поента ,многу јако јако мириса ?
    Не сакам да почне главата да ме боли од мирисот :lol:
     
  7. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.819
    Допаѓања:
    325.597
    Пол:
    Женски
    Јас од новата мини брошура порачав пижами исцели.ГОре се со долги ракави а долу кратки.Едвај чекам да стигнат :D
     
    На EMoonlight и Veki4kaa им се допаѓа ова.
  8. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.025
    Допаѓања:
    36.078
    Пол:
    Женски
    За почеток не ставај на перницата,туку само на чаршавот и тоа минимално за да знаеш дали ќе ти се допаѓа мирисот и дали ќе ти биде јак.Сепак за спиење и не ти треба кој знае колку силен мирис,па да добиеш главоболка утредента,наместо одмор.Можеш и на зимски капути и јакни да го користиш.За што мислиш дека ти треба и ти одговара од облека.
     
    На EMoonlight му/ѝ се допаѓа ова.
  9. avongirl

    avongirl Активен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2012
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    14
    Една информација до сите оние што некогаш посакале да се регистрираат во Авон а не го направиле тоа......регистрирајте се сега, даваат еден куп подароци за нови претставници и многу поволности :)
    Ех да можев да се регистрирам и јас повторно :rofl:
     
  10. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Еднаш порачав од Авон неколку лакови за нокти и повеќе не.Се разочарав.
    Пукаат ,се лупат уште од вториот ден. :|
     
  11. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.001
    Пол:
    Женски
    девојки ова го купив пред неколку месеци, квалитетно е се ок, има ефект, кожата ја чисти одлично (инаку јас имам нежна кожа, неможам се да користам) има рок на употреба 3 години, значи не му е рокот на употреба поминат, а еве ми се направи како вода внатре...незнам што му стана??? баш бев задоволна од нега, ама еве што му се случи.незнам зошто така, од кој причини се преобрази :D :D :D :D :D не е чувано во топла просторија, убаво затворено беше :( :( :( навистина незнам....може тоа му е мана на производов, затоа толку евтино се продава и е на попуст секој месец.....
     

    Прикачени фајлови:

    • download (1).jpg
      download (1).jpg
      Големина на фајлот:
      3,9 KB
      Прегледи:
      427
    На AnGeL4e009 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. EMoonlight

    EMoonlight Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    13.815
    Пол:
    Женски
    Јас имам приметено на повеќе производи вака.Еве пример,имав крема од натуралс ванила и ја користев но не премногу и еден период стоеше,неколку месеци...далеку беше од поминување на 3 годишен рок на користење.Ја отворив случајно ми текна да ставам и што да видам ...некоја течност чудна,незнам што беше и гаден мирис :puke: и ја фрлив.Од тогаш не сум купила и не ни сакам креми од таму,дури и од skin so soft што ми се прекрасни не порачувам зошто и кај нив имаше такви знаци некои.
    Сомнителни ми се овие авон ...
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  13. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.001
    Пол:
    Женски
    имаш право драга и јас сакав истово да го кажам-сомнителни се :( ова го имав пред незнам колку време, лелел ова е тотален ужас, немој никој да го користи, неколку пати ставив и на лице поткожни мозочиња ми излегуваа, црвени кругови ---и сместа го фрлив, мислев привиот пат ај може менструација ова она-ама после вториот пат кога ставив кога пак исто.
    од вакви производи можеш и на лекар да завршиш. не купувам и јас повеке вакви чуда.
     

    Прикачени фајлови:

    • download (2).jpg
      download (2).jpg
      Големина на фајлот:
      4,5 KB
      Прегледи:
      395
  14. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.554
    Допаѓања:
    5.902
    ме интересира far away (фар ауеј)дали има повеќе вида(нијанси во боите ) илие само еден?? :)
    гледав слики, со портокалово,розево,бело парфемче...
    а на овој што го мириснав пишуваше z181113

    шишенцето беше вакво:

    http://1.bp.blogspot.com/-rvAsKssGjyQ/T ... 2BAway.JPG
     
  15. EmilijaEmka

    EmilijaEmka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    30

    Потполно се сложувам за овој производ. Мене ми се исуши кожата буквално еден месец не можев да се го опоравам лицето, ми излегуваа од кожата суви парчиња како лишаи.КАТАСТРОФА НЕВИДЕНА!
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Chica.Loca

    Chica.Loca Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    507
    Допаѓања:
    2.260
    И на мене исто така ми се случи. Го купив пред неколку месеци и сум задоволна. Ми го чисти лицето и му дава некоја свежина. Но, не е густ како што беше порано, како вода е, а рокот не му е поминат. :^)
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  17. avongirl

    avongirl Активен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2012
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    14
    Ајде едно мало објаснување за сите за да нема забуни.
    Доколку од некој производ имате иритација значи дека производот не ви одговара, можеби сте алергични на некоја состојка што ја содржи или може едноставно не ви одговара на вашиот тип на кожа.
    Е сега за производите што викате дека ја менуваат нивната густина или почнуваат да мирисаат (иако јас веќе 5-6 години постојано користам производи од Авон и тоа никогаш ми се нема случено, ниту пак на некој од мојата околина), секој производ на неговата задна страна има едно знакче, нешто како отворена крема и таму пишува 12М, 6М, 3М( тоа М означува месец). Тоа значи дека, производот откако ќе се отвори може да се употребува толку колку што е означено, на пример ако пишува 12М, значи дека може да се употребува 12 месеци.
     
  18. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.001
    Пол:
    Женски
    ок се, ама ние како корисници и купувачи на авон производи имаме право да споделиме лични искуства, за наведените производи тоа се случува и точка....јас немам алергија на никакви состојки едно, не е се така сјајно, производите не се незнам каков бред -имаат свои мани, сега не е се до реклама и пофалби...реалната ситуација е таква. има производи кои се убави, има и неквалитетни да се разбереме. треба и критика да се послуша малку, купувачот е секогаш во право.
    може да дебатирами колку сакаме и да се убедуваме, мора и незадоволствотои и критиките да се почитуваат.
    ако сте преставници на авон, не е во ред е да се убедуваме сега вакво такво- најубаво као-има мани и неквалитет.
     
    На bubamara12345, EmilijaEmka и kikiviki32 им се допаѓа ова.
  19. EMoonlight

    EMoonlight Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    13.815
    Пол:
    Женски
    Точно е дека ако има некаква реакција/иритација на кожата производот не ни одговара,тоа сите го знаеме немаше потреба да се напише.Што се однесува до производите на авон има и квалитетни и не квалитетни,од кои повеќе се со не доволно добар квалитет.Без разлика на тоа што позади пишува месеци на користење после отворање јас имам забележано дека се такви,со чуден мирис и состав,густина.Нормално дека ти како претставник на авон ќе кажеш дека се во ред производите и ги користиш и ти биле супер,што може и така е со дел од производите,но да бидеме реални...ни ти не си задоволна од авон како компанија за производи за нега на тело и лице.Не велам дека јас веќе никогаш нема да купам производ од авон,ќе купам може после некое време пак,но производи за лице и тело не бидејќи не се квалитетни.Како тоа јас купувам крема и очекувам да стои како што сум ја купила после неколку месеци (да речеме отприлика 4-5 мес.),ја отварам и кремата е некаква течност чудна со гаден мирис...квалитетна е ќе кажеш ? -Не е.
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  20. avongirl

    avongirl Активен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2012
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    14
    Се е во ред, ги прифаќам вашите коментари и во никој случај немам намера да дебатирам, само ја кажувам реалната состојба.
    Нареден пат, ако ви се случи пак да добиете производ од кој не сте задоволни, јавете се кај претставникот од кај што сте го порачале и побарајте да ви ги врати парите или да го замени производот :)