Се согласуваме само дека е крема, за ништо друго. Не после 2,3 минути туку ни по 2,3 часа не покрива ништо, ниту црвенило, ниту изедначува тен. Денеска се видов со другарка со која заедно ја земавме кремата. Да не ми кажеше дека има ставено од неа денеска, немаше да приметам, и кај неа е исто - покривност една голема нула.
Менталист,кај кого како тогаш.Пошто мене ми покрива црвенило,незнам зашто тебе или на другарка ти не..Можда е до типот на кожата,незнам...
Дали ја имате користено Компактната пудра за невидливо покривање ? Ме интересира дали се смета како течна или камена пудра и дали е покривна ??
Ja имам користено и е кремаста пудра, со сунгерче се нанесува. Мене ми се допаѓа има лесна до средна покривност, убави нијанси, не ја суши кожата, мислам дека е за нормална кожа наменета, бар мене ми таков впечаток остави.Искрено за квалитетот не е воопшто скапа, пак би ја купила.Од мене 5/5.
Ја има некој користено маската за лице, од планет спа за прочистување, од незнам каква глина беше. Нешто турска бања изгледа беше... гледам на намаление е, 109 ден. па си ја порачав, дека планет спа е се надевам убава ќе биде
Преубав е, ама значи ПРЕУБАВ! Толку е нежен, убав. Мирисот му е фантазија. ПРЕПОРАЧУВАААМ! :up: :up: :up: Туку, кој од овие е поубав и мирисот добар ли им е?
Значи кремава е закон!!! Морам да ја пофалам... Еднаш се мачкам во денот и доволно е Рацете моментално ми се меки и мазни А за мирисот совршен Си ја нарачав истата крема за тело...се мислам и за помадата за лице... Препорачувам!!!
Ќе си го порачам,фала. Ај сега и јас на тебе да ти кажам.Повеќето другарки мои и на сестра ми го имаат виолетово и сите го фалат,а за мирисот незнам..на зеленото мирисот не му е убав,барем мене не ми е.
ББ крема Воопшто не сум задоволна од CC кремата од Авон. Ужасна е ! Има премногу светки, не покрива ништо, а демек наменета е за тонирање на бојата. Имам темни кругови околу очите- не ми ги покри, Пеѓи- ни тие не ми ги покри, исто и црвенилото и вените. Несакајќи дојде во контакт со очите и почнаа да ме печат. Единствено што ми се допадна беше мирисот. Ми мириса некако на мед и млеко. Се на се КАТАСТРОФА ! Си ги жалам парите....
ББ крема ^ А баш мислев да ја порачам. Имав слушнато пофали за неа, се зависи до лицето какво ти е. Сега се мислам да го порачам ова, не е бб крем ама има таква намена, слично е а и повеќе дејствува како крем, тоа и ми треба. Се што слушнав беа пофалби, ова ја земам сигурно.
Фала ти на одговорот, а боите прилично какви се ? потемни, посветли ?? Јас имам бел тен така да не ми треба многу темна нијанса, зато прашувам да знам дали да ја нарачам најсветлата нијанса..
Иако долго време сум им претставник на авон,јас сеуште незнам што се треба за да бидеш лидер. Не сакам да станам координатор јас,но една пријателка ме праша ко божем знам демек претставник сум им ,и ме фати страм. Може некој што е поупатен во ова и да ми објасни како се станува лидер на авон?