Ова е масло за коса, го има ли некој? Прашањето ми е дали се користи на сува/мокра коса како капките за коса што се или се одмива ?
Како што прочитав јас ,пишува дека е топло масло за коса односно се затоплува и се користи.Откако ќе го затоплиш малку,ќе почнеш да го нанесуваш со масажа на косата убаво,секаде..на мокра коса. После измиј си ја косата нормално како секогаш.
И јас се прашував за ова, еве што прочитав на интернет за лидерството. БРЗ НАПРЕДОК Со напредување во лидерскиот модел Вие преминувате на следното ниво каде освен личната продажба, создавате свој тим на луѓе, кои ги обучувате и како нивен тренер и советник, им покажувате како можат и тие да остварат профит и заработка преку продажба на козметичките производи на АВОН. Вашиот успех е неизбежен, следното ниво може да го почнете веднаш Продажен Лидер ! Мислам треба да се обратиш таму до тие што се главниот тим, или на твојот лидер.
Јас ги имав нарачано но не бев многу задоволна за џабе ги зедов Имам од истово само крем за лице прекрасно ми мириса леле кејфој сум а го платив само 50 денари со попуст Јас имам иста ваква и ко ке се намачкам исто како со крем да се мачкам ништо не ми покрива и јас имам пеги на лицето и се каев што ја купив ...но мама ја пробала скришум од мене и и се бендисала и си ја зела зашто и се жалев дека не ми стои убаво...па на мојата најмила мамичка и ја дадов како подарок ..што значит све до кожата е.. Мајка ми го користи...Се намачкав еднаш да пробам како и многу ми се бендиса и многу убаво ми мириса и си порачав и за мене
А некој што ги користел сенките за очи четирибојни true color, дали убаво се нанесува да не се суви ? Или па некои други сенки што се убави од авон да ми препорачате
Јас ги имам сенкиве и презадоволна сум .Јас ги имам skyline не ми текнува точно црно со бело и двенијанси на сиво се. Не се пресуви ниту премногу меки тамам се. Многу се трајни јас ги имам носено најмногу 5 часа и издржуваат супер без база и фиксатор. И плус супер цена имаат , околу 300 денари. Инаку јас секогаш пред да ставам од сенкиве како база си ставам од пудрата што ја користам.
Во новиот каталог има во пакет супер шок маскарата црната и сјај за усни знам дека се исплати но ми рекоа дека четкичката на сјајот е мн мала и дека нема да може цел да го искористам дека ке го фрлам. Има ли некој искуство со сјајот да ми каже за да знам а и исто така за маскарата прочитав многу коментари дека за кратко време се сушела. п.с. понудата во каталогот е на 68 стр.
Сјајчето го имам користено, пецка на устата интересно е но вистина четкичето е мало...и маскарата исто ја имам користено, ми се допаѓа но пребрзо се суши, ја користев околу 1 месец..Мој совет е да не ги порачуваш бидејќи за тие пари можиш да си купиш многу поквалитетни производи, позз
Маскарата е така така, убава е но ако пред неа нанесеш др маскара за да не ти се сплеткаат трепките. А сјајот ич не ми се допаѓа го имам дома и така ми стои, пецка многу барем мене така ми изгледа плус не стои долго.
До MajaEsposito(не можам да цитирам преку телефон сум) - јас имам од луксузниот кармин Ultra Colour и презадоволна сум, цел ден стои, јадам, пијам и не се брише
Значи римелов е закон,незнам како ви се суши ама не е битно... Јас сум презадоволна и го користам со години Еве последниот го отворив во декември и уште го користам... Аза сјајчево незнам стварно,не сум го користела и мене ми изгледа примамлива понуда Римелот ќе го земам како и да е ...а се исплати со сјајче...се мислам Инаку да се пофалам:ми стигнаа путерот за тело и кремата за раце од кокосов путер мммм...
Сетчето за веѓи е екстраа многу сум задоволна восокот стварно ги фиксира веѓите а бојата е супер делува многу природно а воедно оди и со двострана четкичка која е доста практична...само што има само една нијанса нема избор за некои што имаат посветол тен...ама мене овој сет баш ми одговара за тие што имаат потемни веѓи и коса топло го препорачувам.Инаку го зедов за 169ден.
Јас ќе си умрам по овој Многу ми е скап, инаку ќе го порачав. Некако не ми се даваат +350 денари за кармин.
Да не ти биде жал! Другарка ми порача Лукс кармин, го `позајмив`за искачање и воопшто не сум задоволна од квалитетот - воопшто не беше траен и ,барем за мене, имаше некоја чудна текстура
Преуба е бојата и јас сакам ваков да си купам. Ќе почекам да поевтини, ама ќе си најдам некаде поефтино карминче со ваква боја.
Гледам барате слична боја на Luxe. Јас ги имам тие подолу од сликата, црвениот и розевиот ама да ви кажам па многу се убави а посебно црвениот. Не се скапи и долготраат барем по мое. По мое тие што ви се обележани со плаво мислам дека се слични бои на Luxe.
До сите тие што го исполнија условот за таблет леново - дали ви стаса? Дали се знае кога точно ќе го пратат? Па неможам веќе да го дочекам
Пред некое време користев маскара од авон со сино капаче а сега ја барам ни каталозиве ја нема ?? дали знаете нешто вие ?