За претставниците: Добро кога стигаат порачките? Зарем не се после четири дена од кога се порачани? Денес требаше да ги добијам, ама нема ништо.
Мирисот трае, од тој аспект се стварно океј makedonkamak, капките со арганово масло се чиста десетка! Сигурна сум дека ќе бидеш презадоволна од нив зошто стварно се квалитетни, не се трошат брзо и косата ја прават совршена
Пишав пред некој ден за ова,јас го имав и бев многу задоволна.Убава ми беше косата кога ставав од него и убаво мирисаше. Nausicaa,заборавив да ти се заблагодарам уште еднаш,ќе порачам и ќе пробам..ми помогна да се одлучам.
Негде низ форумов имав напишано дека не сум задоволна од овој производ ич!!!!! Кога го купив одма го отворив бесе како вода.... а за миење не е нешто нај нај..не пенит само ми ја замастуват кожава И од течните сенки за очи и од лаковите не сум задоволна...Друго све му е СУПЕР!!!
AnGeL4e009 значи твоето веќе било расипано штом било како вода. Кај мене беше ок на почетокот, но подоцна се направи како вода. Ма каква пена бараш штом било водесто нема пена никаква-расипано. Од лаковите не сум задоволна и јас.
јас овие ги користам и можам да кажам дека се убави затоа што ја имам фарбано косата и на врворите ми е сува и ми е разлетана косата и кога ќе ставам од нив и дава сјај на косата и сувите врвори и разлетаноста ја снемува и исто така мн мириса кога ке ставам од нив цела соба мириса а за мирисот може да се каже дека 5-6 саати траат Го имам зелениот балсам и кога ке ставам од ми ја омекнува косата и можам слободно да ја исчешлам, а за мирисот јас обожавам кога ми мираса убаво коста и кога ќе ставам цела соба мириса исто како и со капките ама балсамов повеќе мириса и каде и да отидам на сите од далеку им мириса и сите ме прашуваат што сум ставала и мирисаат околу 5-6 саати и кога косата ке ја исушиш и тогаш мириса
Арганово масло е потхранувачки третман за коса,кога сакаш може да си ставиш на врвовите,мене прекрасна ми ја правеше косата и убаво мириса.А со зеленото капаче е серум за суви врвови,читам и ми кажуваат дека и тоа било доста добро.
А може да се става на врвовите кога сакаш(после миење на косата), или како што пишала EMoonlight дека се нанесува со масажа а потоа се мие косата?
Оф,леле... погрешно сум прочитала јас,мислев за маслото од арганово масло...а тоа било топлото масло од Planet spa ...се извинувам tigarche се нанесува така како што сум објаснила. Тие масла претходно се други од авон.
Оф,леле... погрешно сум прочитала јас,мислев за маслото од арганово масло...а тоа било топлото масло од Planet spa ...се извинувам tigarche се нанесува така како што сум објаснила. Тие масла претходно се други од авон. ти благодарам а која му е намената на маслото?
Ја негува косата.. и дава длабока нега,хидратација,ова е посебно за сува и оштетена коса повеќе препорачливо,ако имаш нормална коса можеш пак да го нанесуваш ама ретко.Ако ти е оштетена косата можеш и еднаш неделно да си ставаш од топлото масло и да направиш масажа за убаво впивање во косата.
Ме интересира дали постои некоја пудра за лице од авон, ама да не содржи парафини. До сега имам 3 различни пудри порачано и сите содржат.
Сите содржат. Јас раскрстив со пудрите од Авон, исто како со пудрите на Севентин. Т.е овие на Авон не ни може пудри да се наречат, покривност 10 имаат, на исто ниво со ЦЦ и ББ кремовите.
А камените пудри добри ли се? Или и тие им се утка ? Јас си нарачав од последниот каталог 2 производи за 259 ден, па си зедов 2 камени пудри различни од Колор Тренд, едната е со розево сунѓерче а другата со портокалово, па сега треба да ми стигнат, како сте задоволни од нив, користела ли некоја ?
Јас ја користам камената пудра во црно паковање, за невидливо покривање што пише дека е, и можам да кажам дека е подобра од течната пудра, но ништо посебно, не дава никаков впечатлив финиш, освен што делува повеќе како фиксатор т.е не ти дава да се потиш, ја фиксира пудрата под неа да трае подолго, но не е ништо посебно покривна ни камената пудра, и да, се троше многу бавно, но не би ја нарачала повторно. За тие пари, има каде каде подобри камени пудри, но ете, тогаш немав време да пазарам низ парфимерии, па си нарачав. А мене општо производите од Колор Тренд не ми се допаѓаат, тие се повеќе наменети за тинејџерки, за младите девојки, пошто немаат никаква покривност, туку делуваат за изедначување на тенот да речеме, а и се со доста слаб квалитет.
Јас сакам да порачам од авон некоја течна пудра,сува кожа имам и сакам некоја попокривна не да биде како кремче,ај дајте ми некој предлог..?